ИСО ГО ЗАСТРЕЛАЛ ИБО СО ЗАЈАКОТ

Двајца ретки Турци во Мариово, Исмаил и Ибиш, биле страсни ловџии. Немале тескере за лов, ама оти биле Турци, колџиите им гледале низ прсти. Често оделе на лов на зајаци купишта по мариовските села. Ама наоѓале и јајца со кокошкии. Поминлакот им бил сигурен. Ако не отепале зајак за ручек или вечера, ќе отепале некоја тава јајца или некоја кокошка, зелниче мазниче, што дал Господ кај чорбаџиите во селата. Тие пак ги закрилувале кај кајмакамот или чаушот во Прилеп.

Така осигурени не пропуштале зима да не се накачат кај Свети Никола во Галишта за да слезат оттаму кај Свети Атанас, кога веќе ќе треба и да надраскаат по некој слог за пролетнина. Во Галишта седеле мили гости биле 43 дена.

Ама, ѓаволот ни ора ни копа. Исо и Ибо тргнале на лов на ден по Водици. Ибо ќе потерувал со загарите, а Исо ќе начекувал да не им побегнел некој од многуте галишки зајаци. Таман се разделиле со пушките на готовс, за таксират од Иба, рипнало едно зајачиште и летнало право на кај Иса. Овој му ја навртел Шарка и му ја истурил. Зајакот се спрпелкал, ама и Ибо почна да пишти:

– Оооф, мајко морииии! Ми го скина трбушалникот – се виткал како зајакот и тој, држејќи се за стомакот.

Исо почна да го теши.

-Не бој се, аго Ибооо! Вала и заецот падна. Цел ќе ти го дадам тебе, крста ми…

Ама се забаил. Ко отишол да му го однеси заецот, Ибо клоцал со нозете, а на устата пења му вриела.

-Тих што стори, јок да се стори. Не дочека да касне од заецот. Шо дебел се погодил – го изжалал Исо Иба и накачил на кај колибата од Гелета.  Го зел старото магаре и го однесол Иба на Ибишица заедно со дебелиот заец.

-Земи, земи го заецот, баго. Види што е дебел. Ич мавца да не му клаваш. Земи, свари го да каснеме, да му се најде на тој век на Иба.

Loading