АСФАЛТИРАН ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ ПРИЛЕПЕЦ

dron6

Асфалтен пат преку селото Волково води до манастирот Свети Никола кај селото Прилепец. Последната етапа од 5,5 километри од селото Волково до Прилепец е послана со асфалтна покривка, со што ова културно, верско и исторско здание доби лесен и брз пристап. Комплексот стана достапен за граѓаните и за развој на манастирскиот туризам. Патем, се отвораат можности за мали бизниси, бидејќи природата нуди бескрајни можности. Наедно асфалтната комуникациска врска ќе биде предизвик за младите да останат во земјава, крај своите огништа.

Loading