АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Слушај го срцето, а зборувај со главата.

x

Од речено до сторено е исто како од предизборни ветувања и по освојување на власта.

x

Оддалечи се да видиш колку си се приближил.

x

Нема борба против навики ако тоа ти станало навика.

x

Кога сите велат дека мислат исто може да значи и дека никој не мисли.

x

Безличните се неуморни во озборувањето на личните.

x

Премногу лудории во младоста ќе нé совладаат во староста.

“Др ХаџиВасков”

Loading