УСПЕСИ НА КРОСОТ ВО БЕЛГРАД

Историја

Атлетскиот крос на белградскиот дневен весник Политика има безмалку стогодишна традиција, со одржување од 1922 година. Таа е најмасовната атлетска манифестација во некогашна Југославија. Учествуваа илјадници атлетичари од целата држава, во повеќе возрасни конкуренции. На 23 септеври 1971 година членките на Атлетскиот клуб Трети ноември од Прилеп имаа голем успех. На трката на 800 метри за младинки, родени до 1954 година, Славица Конеска го освои првото место со време од 2,40 минути. Две години помладата, Соња Мицеска, кај пионерките на 400 метри беше втора, а Атанас Димов осми на 2000 метри во конкуренција на студенти. Следната, 1972 година, прилепчаните пак учествуваа. Конеска пак беше прва кај  младинките, а Мицеска втора во својата група. Кај најмладите младинки второ место освои Павлина Јорданоска. 

Мицеска на кросот учествуваше и третпат, и тогаш беше втора.  

Loading