НАРОДНО УЧИЛИШТЕ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Narodno uciliste Sveti Kiril i Metodi kaj Stara Crkva

Древен објект со мирис на војни и сиромаштија. Зградата е стара скоро 75 години до 1917 година, кога е урната. Била прво централно училиште до четврто одделение. Се наоѓа на источниот дел од црквата Свето Благовештение.

Училиштето било отворено со доброволни прилози на еснафите, а помогнала и црквата. Учеле машки и женски деца. Подоцна станало класно училиште каде учениците биле поделени по класови. Во јужното крило било сместено и грчко училиште. Учениците ги учеле преродбениците Григор Прличев, Димитар Миладинов, Рајко Жинзифов, Јордан Хаџи Конастантинов – Џинот, Кузман Шапкарев, Јосиф Ковачев и други. Древен објект кој мириса на едно време на немир, на војни, на сиромаштија. Постарите се сеќаваат дека во него за време на војните се учело на бугарски.

– Другите училишта беа зафатени со жито и непријателската војска беше сместена во нив. Децата од Рид и околу училиштето бевме собрани и учевме на бугарски – се сеќава сограѓанин.

Сликава сведочи дека и на зградата чепнал забот на времето. Зачувана е градбата, но не е варосана, чиста, а се бори и со влага, судејќи според изгледот од темелот. Околу училиштето се извишиле тополи карактеристични за тие времиња. Во близина виреел најголемиот орев во Прилеп, кој некои сакале да го исечат да изградат друго училиште. Гркоманите не дозволувале.

Во близина, во 1880 година, било изградено Баба неделиното училиште, кое првата година го посетувале 180 ученици, а ги учела Баба Недеља Петкова Караиванова, Бугарка од Сопот. По неа и е крстено така.

Денес училиштето е реновирано. Во него е галеријата со збирката на вредни икони од прилепско.

Loading