ПАЗАРОТ ГО ОСВЕТЛУВА СТРУЈА ОД СОНЦЕТО

pazar Fotovoltaici

Речиси целиот пазар се осветлува со струја од сонцето. Веќе неколку месеци над тезгите се поставени фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за потребите на ЈП Пазари. Мала фотоволтаична централа е инсталирана и на покривот од Дневниот центар за лица со церебрална парализа која не е функционална поради корона кризата.

Локалните власти се со намера  да постават фотоволтаици и на други јавни објекти, а Министерството за локална самоуправа се надева дека ќе најде во иднина брзо законско решение вишокот на произведена струја од обновливи извори да се продава на пазарот, што засега законски не е регулирано.

– Јачината е 16 киловати ги задоволува потребите на пазарот и на Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Продолжуваме со мерките за подобрување на условите и подобрување на животната средина. Бенефитите се двојни, се намалуваат трошоците за струја и се штити  животната средина – вели градоначалникот Илија Јованоски.

– Продолжуваме да поддржуваме проекти за заштита на животната средина, бидејќи Прилеп е ослободен од минимум 56.000 кг. ЦО2. Пазарот и центарот ќе заштедат во трошоците за електрична енергија. Уште има нејасностии околу продажбата на вишокот на струја, бидејќи треба да се најди некој да ја купи. Тоа е поле кое треба во детали да се разработи. Дозволено е производство за сопствено користење. Треба да се регулира исплатата на вишокот произведена струја од фотоволтаиците – изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Dneven centar - Fotovoltaici

Општината веќе исплати субвенциии на над 600 семејства кои купија нови велосипеди и набавија нови клима уреди со инвертори. Субвенциите за велосипеди беа максимум до 5.000 денари, а за климите до 10.000 денари.

Loading