БОСИЛЕК ПОКРАЈ ДОМАТИТЕ, ДА РОДАТ ПОВЕЌЕ

Покрај секоја садница домат, пожелно е да посадат три корени босилек. Ако редовно се бере врвот од босилекот, ќе се разграни и ќе произведе повеќе ароматични листови и нема прерано да процвета. Според градинарите, и невенот делува врз доматите како природна заштита и го подобрува родот. Невенот е и лековита билка. Добар сосед на доматот е и лукот, кој го одвраќа црвениот пајак. Покрај доматите добро е да се засади и низок грашок, бидејќи оваа билка го фиксира кислородот во почвата и го прави достапен за корењата на доматот и служи како природно ѓубриво. Морковот поволно делува на доматите. Посаден до него, ќе формира поситен корен, но ќе биде многу сладок.

Лоши соседи за доматите се компирите и краставиците, бидејќи нивните излачувања негативно делуваат врз растот на доматите. Доматите се подложни на болести како компирот и пченката. Затоа овие билки треба да се садат малку подалеку. Доматите не треба да се садат блиску до пиперките, бидејќи се ,,натпреваруваат,, за хранливи состојки од почвата.

Покрај доматите добро е да се сади и зелена салата, ротквица, сапанаќ, магдонос и праз. Така подобро се искористува просторот околу доматите кои растат во височина.

Loading