ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (50)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Кога се градеше училиштето во 1947/48 година градбата беше дрвена и за покривот се носеше  од конфискуваните тополи од с. Бучин и Журче зад Крушево на татко ми Ристе од претоварена колата три пати по патот му се правеше дефект на колата а сега оваа катастрофа да ја гледам за мене тое  потоп рече чичко Јован.

Во разговорот чичко Јован ме праша дали има некоја шанса училиштето да се поправи во првобитната положба. Јас му дадов одговор, ќе покушаме нешто да сториме. И мене срцето ме стега, кога го гледам училиштето вакво вандализирано. Во тоа време двајца прилепчани Димитриоски Тренчо и Димоски Илија Шаторо по потрага за откривање на нови историски археолошки локалитети низ марулскиот синор, атар лицата Тренчо и Илија наминаа кај училиштето, го видоја во каква состојба се наоѓа училиштето, да во него има работи на кои воопшто не му е место  во училиштето.

Направија средба со корисникот на училиштето и на добар разбран начин договорија се што е негово во училиштето да го исели од училиштето има прилика училиштето да се поправи реновира. Корисникот на училиштето се сложи и за креатко време училиштето беше ослободено од сите внесени работи во него.

Се најдоја парични средства и мајстори и во месец декември 2007 година се започна со работата за поправка, реновирање на училиштето. Со кратка пауза во лошите зимски денови. Училиштето со поправката, реновирањето беше завршено во месец април во 2008 година.

Училиштето  беше препокриено со прередувањето на ѓерамидите. Капаците прередени и премачкани со вар и песок и малце цименто. Училиштето беше исшприцано цеслоно внатрешно и надворешно. Сите празни рамки на прозорите му се ставија нoви стакла. Стаклата ги намести фирмата Сигурносно стакло од Прилеп. Се соѕидаа оџаците. Во четирите соби штиците на подот се заменија со бетонска постела. Се наместија четири врати наместо исчезнатите.

На сите високи места внатрешно и надворешно се работеше со монтирано скеле. Сета ова работа ја изведуваа мајсторите за градба Мирчески Гоце, Велкоски Александар, Велкоски Робе, Талески Добре, Џелиноски Сашо. Се поставија лимарски заштитници на надворешната страна на прозорците. Лимарска ламарина на оџаците и по крајот на ивиците на покривот. Се поставија јолуци на стрејите на училиштето. Дотогаш немало никогаш јолуци. Сета ова лимарска работа ја заврши мајсторот лимарот Јовчески Слободан Велјаноски. Атанасоски Гоце Танески ја инсталираше електричната мрежа во училиштето.

Молерите кои ги бојадисаа прозорците внатрешно и надворешно ја сменија двокрилната врата на западната страна за во ходникот од училницата и на визбата и сите внатрешни врати се мајсторите Трајкоски Радован Раде, Наумоски Орде и Наумоски Горанчо. Настрешинците над вратите ги правеше Маркоски Војо.

За сите овие наведени работи за да се сработат потребна беше електрична енергија, струја. Електрична струја се земаше во далечина од преку четиристотина метра со приклучување со преку десет приклучни електрични каблови од кај домаќинот Цветкоски Гоце Димитријоски без никакви пречки и недоразбирање. Самиот Гоце кога имаше повеќе слободно време навраќаше со овците кај училиштето и помагаше со физичка работа, префрлање на потребни дрва, работење со мешалицата и ред други работи.

Сета ова работа беше завршена до месец април 2008 година. Платено чесно на секого, должни на никого. Платежните средства ги подарија македонските родољуби. Нагледувач на работата беше Јовчески Гулаб Гулабо. Најсреќниот човек дека се поправи училиштето беше Атанасоски Јован Танески. Од голема радост на Јован му солзеја очите како бистра вода изворска. На сите работници учесници при работата за поправка, реновирање на училиштето, на сите кој што дојдоја и дадоја било каква помош. На сите посетители додека се работеше во училиштето кој разговара со работниците давајќи му хумор, морал и расположение во работата е исто како да учествувале во работата му даваме писмена благодарница за нивно придонесување во работата во училиштето.

Во Марул училиштето остана без историска архива

Откако беше завршена работата со поправка, реновирање на училиштето во Марул јас лично бев заинтересиран за училишната архива за во с. Марул. Ми беше познато од порано со затворањето на училиштето во с. Марул сета негова архива е преносена во подрачното училиште Кирил и Методи во подрачното училиште во с. Канатларци.

Есента во 2008 година ја оставив мојата планирана работа, се одлучив и отидов во подрачното или централното училиште Кирил и Методиј во с. Канатларци за да проверам за училишната архива за с. Марул. Таму го сретнав директорот на училиштето Јусуфоски Марка, со кого се познававме уште од шеесеттите години од минатиот век кога одевме на училиште во с. Канатларци за завршување основно образование. Во разговорот со директорот Марка го прашав каде се наоѓаат документите од училиштето од с. Марул.

Директорот Марко се позамисли и рече ќе проверам. По извесно време се врати директорот Марко ми рече да документите од училиштето од Марул не се овде сигурно се пратени во историски архив во Прилеп.

Наредниот ден отидов во историскиот архив во Прилеп. Стапив во контакт со вработените во историскиот архив, му објаснив и ги прашав дали има дојдено овде кај вас преку подрачното училиште Кирил и Методиј од с.Канатларци историски документи од училиштето Велјан Новачески од с.Марул. Вработените одговорија колку што се сеќаваат кај нив нема дојдено сепак во секој случај ќе проверат. Со чекање од половина саат во чекалната од историскиот архив, лицето кое ја зеде обврската за да провери се врати и рече да такви документи досега нема дојдена кај нас во архивот.

По извесно време повторно навратив во централното училиште во с. Канатларци. Тогаш директорот Јусуфоски Марко не го најдов. Во разговорот со вработените по служба ми рекоа да документите од училиштето во с. Марул сосе дневниците се поништени, изгорени како стар материјал повеќе не постојат.

Се вратив разочаран со наведена глава и си реков и ова можи да се догоди во ова наша македонска држава на 39 генерации од 1944 до 1983 година да му се поништат школските документи за кој го совладувале природните сили, дожд, снег и грмотевици сега да му се поништи нивниот труд. И за тоа никој да не одговора пред законот на државата.

Се можи на училиштето да му се измени првата архитектура. Џамијата да се преправи, а додека школската архива од марулското училиште да се поништи. Прашањето е дали тоа е сторено по несвесна грешка или направена грешка. Нека размисли директорот на училиштето. Одговорноста ја сноси македонската влада, мислат само на топлите фотелји. Во Шведска не можи ова да се догоди. Свеста, моралот се на високо ниво. Шведските архиви се заштитени под земја од пожари, временски неприлики, од воени случаеви, од атентаторски напади и ред други негативни работи. Шведските државни архиви се стари архиви со преку 800 години. Далеку сме од Шведска и другите напредни држави и сакаме со нив членство во ЕУ.

Сите слики и картата се вратени во училиштето во с. Марул. Сега има повеќе слики одошто порано. Секој има право да го посети училиштето кој е заинтересиран за тоа. Соработка е можна со секое лице да се соработува кое има интерес за училиштето во с. Марул.

13.05.2019 година    

Секако грешки во пишувањето на текстот ќе има но се направени ненамерно.

Продолжува

Loading