ТРГНА ГРАДБАТА НА МОСТОТ КАЈ СТОЧНИОТ ПАЗАР

После 47 години

1

Почна градбата на мостот на Градска река на улицата ,,Трајко Николоски,, во населбата Сточен Пазар. Изведувач е битолската фирма Стентон градба, која ќе го заврши за 4-5 месеци. Вредноста на инвестицијата е 574 илјади евра. Преминот е проектиран и дизајниран според најсовремените европски прописи.

Мостот ќе го олесни згуснатиот сообраќај на индустрискиот дел од градот.

2

– Ќе биде долг 24 и широк 22 метри со 4 коловозни ленти од по 3.5 метри. Од двете страни ќе има пешачки патеки од 2.5 метри и велосипедски патеки од по 1.5 метри. Градбата ќе трае 4-5 месеци. Општината издвои оздвои 35 милиони денари. Прилеп ќе го добие најголемиот и најубавиот мост по 47 гоодини – рече градоначалникот Илија Јованоски.

3

Мостот ќе биде граден со техника на колови. Ќе се потпира на 76 бетонско армирани колови длабоки 13 м. и со дијаметар од 80 цм. По изградбата на мостот, ќе се реконструира улицата ,,Трајко Николоски,,.

4

Loading