ПРИЛЕПСКИ ТВОРЦИ ВО АНТОЛОГИЈА

Творештвото од прилепските автори Даница Пеовска, Снежана Паноска, Менче Кадинец, Весна Шереметкоска и Божана Тренческа ќе биде објавено во меѓународната антологија од раскази ,,Мојот херој,,. Дел од делата, заедно со уште 40 автори од земјата и од странство, се избрани на конкурс, на кој пристигнале квалитетни, тематски издржани и разновидни раскази и проза со најразлични третирања на поимот ХЕРОЈ.

– Во мноштвото материјали не беше едноставно да се избере најблиското до темата и поентата на конкурсот. Најдоброто е ставено во антологијата. Ќе следуваат и награди и друг изненадувања – велат организаторите на конкурсот.

Снежана Паноска од Клубот на литературни творци, вели дека иако активностите со присуство на членовите се во мирување, сепак постои дружење онлајн, објавување поезија и проза на ФБ, на разни блогови и учество на конкурси на различни теми, меѓу кои ,,Го љубам животот,,, ,,Иста пролет за сите,,…

Loading