БИЛТЕН ЗА СОСТОЈБАТА СО КОРОНАВИРУСОТ ДО СРЕДАТА, 13 МАЈ – ЕДЕН ПОЧИНАТ

На Клиниката за инфективни болести во Скопје во средата почина една пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана од 7 мај. Со псоледните пет нови случаи активни се 56 заразени, а се оздравени 184 пациенти.

На Инфективното одделение во болницата се хоспитализирани 18 лица. Од нив 13 се позитивни на коронавирус, а заради потешка клиничка слика, еден е испратен на скопските клиники. Во изолација се пет пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати. Во самоизолација се наоѓаат 182 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид -19.

Loading