ЗА ВЕСНИЦИТЕ ИЛИ ЗА КУЧИЊАТА ЧУВАРИ НА ДЕМОКРАТИЈАТА

LOGO web

Во време кога паметните телефони се нашето сé, каква е иднината на весниците? Или во услови кога мобилните телефони ги истиснаа десктоп компјутерите, а социјалните мрежи се првите медиуми на кои се појавуваат први непроверените информации кои за брзо стануваат вистините, имаме ли љубители на вести на хартија? И гледањето телевизија повеќе изумира…

Атакувани од сите овие електронски трендови, неколку печатени медиуми во земјава уште жилаво се борат да опстојат. Меѓу нив и Зенит. Има разлика во веста објавена на порталите и во печатните медиуми. Веста на електронскиот медиум може да биде фејк, лажна, невистинита или погрешна, и може да исчезне. Да ја снема. Но напишаното, објавеното во печатен медиум, не исчезнува. Не може да исчезне тираж од неколку илјади примероци, не може со копчете ,,брише,, да се тргне така лесно одредена информација, непроверена вест. Информирањето во печатените медиум бара професионалност, посветеност, проверка на сите вести и факти. Нема пиши бриши, слушнав – не слушнав, видов – не видов! Весникот остава трага, постои! И утре и задутре, и по две и пет години. И по десет. И затоа кантарот е подруг.

Во пребарувањето на содржините за иднината на весниците, сретнавме интересни написи, податок дека ќе расте дигиталната претплата на печатени изданија. Но за да има дигитална, треба да има и тираж.

Во друг напис пак, кој се однесува на медиумите на естонски јазик, извесен дипломираниот адвокат и љубител на медиуми, тврди дека локалните медиуми континуирано растат, како и бројот на дневни весници за млади се зголемува, а бил развиен составот на интегрирани редакции. Тој ,,медиумите ги гледа,, како кучиња – чувари на демократијата, а негова работа била да ги нахрани тие кучиња за да може да ја работат својата работа.

Работа на весниците и новинарите е да пишуваат за вистината. Ако кучето е најдобар пријател на човекот, тогаш весникот е потикнувач на развојот на локалната заедница.

Утре на 2 мај, весникот Зенит полни 12 години од излегувањето на првиот број. Чекориме кон 600-тиот број, поддржан од општествено одговорни компании.

Ви благодариме.

Loading