ПРИСТИГНА КИНЕСКАТА ДОНАЦИЈА

Donacija Ilija

Пристигна донацијата од збратимениот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан. Содржината е 200 заштитни костими, како поддршка на Кина за нашата земја за справување со пандемијата на КОВИД-19.

Во писмото кое градоначалникот на Дејанг, Хе Ли, го испрати до својот колега Илија Јованоски, се истакнува поддршката за граѓаните и убеденоста дека брзата акција преземена од Владата и огромните напори направени од локалните власти, ќе придонесат за победа над коронавирусот. Заблагодарувајќи се на донацијата, Јованоски потенцираше дека заштитните костиме, односно скафандерите, се од голема важност за медицинскиот персонал во здравствените установи. Таткото на Прилеп изрази надеж дека по пандемијата, ќе се интензивира соработката меѓу Прилеп и Дејанг, особено на економски план.

Loading