ЗА ВЕЛИГДЕН СЕДИ ДОМА

iLIJA jOVANOSKA

,,Пред почетокот на Велигденските празници сакам да упатам апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, од Општинскиот кризен штаб, бидејќи само со нивното почитување ќе ја победиме пандемијата,,.

Ова го изјави градоначалникот Илија Јованоски со цел спречување на ширењето на заразата. До сите граѓани испраќа порака празнувањето да се одвива во домашни услови.

-Мора безусловно и без исклучок да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Се работи за семејствата, за најблиските, за здравјето и здравјето на сите нас – порачува градоначалникот Јованоски.

Пред маркетите банките, поствени се налепници на кои пишува ,,Стој овде,,.

Општината Прилеп ја посетија заменичката на претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања и шеф на Централниот кризен штаб, Бујар Османи, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Тие остварија средба со градоначалникот Илија Јованоски, заради состојбата со коронавирусот, како и потребата од дополнителните мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Петнаесетина припадници на Армијата беа распоредени на местата во централното градско подрачје каде што најмногу се создава метеж – пред банките и маркетите.

Loading