ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (44)

marul-1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

На завршетокот на учебната година во 1949 учителката Менка Квачкоска го напушта училиштето во с. Марул , на ново работно место во Прилеп, а на нејзино место за учител во с. Марул доаѓа Киро Миладинов.

KIro MiladinovБрој 6

Запишани деца првачиња шеста генерација за учебната година 1949/50 година

Атанасоска Неданова Нада Танеска

Дамјаноска Ристева Славка

Анѓелески Ванчов Борис – Павлески

Анѓелеска Јованчева Менка –  Павлеска

Петрески Јованов Петре – Мурџески

Ристеска Танева Алтана – Танеска

Број 7

Запишани деца првачиња седма генерација за годината 1950/51

Василоски Трајанов Боше

Велјаноска Ванѓелова Донка

Велјаноска Димкова Спасија – Танеска

Велјаноски Орданов Методија – Танески

Јованоски Ванѓелов Петре – Курела

Петреска Ванѓелова Петкана – Бабјачица

Мојсоски Велев Цветан – Колески

Ристески Ладев Атанас – Јанкоски

Маркоска Алекцова Верка – Рувчанка

Во пролетта 1951 година ученикот Василоски Трајанов Боше се разболе и за кратко време Боше си умре. Кога го носеа в црква постарите ставаа трниња во устата од уплав и нас не тераа да носиме и си зборуваа и плачеа постарите, Боше израсти момче на осум години и го зеде пуста маларија. Класот остана со еден ученик помалце.

Mence kvacskoskaИмаше аналфабетски за описменување на возрасни луѓе. Често пати одев со мајка ми на учење. Се сеќавам убаво кога учителот Киро Миладинов кога го кинеше листот од букварот каде пишуваше дувни, дувни ветре од планина, поздрави го другарот Сталина. Наместо да го пречкрта листот го кинеше, се губеше целиот пишан текст на листот. Но учениците носеа дома поделено од Ундра вештачко млеко, кашкавал, јајца. Повозрасните луѓе во шега се смееја да трумановите јајца биле поголеми од сталиновите затоа властите се одлучиле за трумановите јајца.

Во пролетта во 1951 година се собраа повеќе марулски деца на лизгалото во реката Најдоска за слизгање меѓу нив и децата Крушкоски Борис, Верка и Богоја. Слизгањето беше во тоа помалите деца со главата надолу на меше пушти се долу во песокот, а додека поголемите седни на камче и слизни се надолу во песокта. Слизгалото беше од мазен белутрак камен кој стои и ден денес.

Во сета моментална возбудена игра Борис Крушкоски рече вујче Цветан фамилијата ќе се враќа кај дедо и баба, а ние мораме да се исселиме. Ќе седиме во с. Галичани. Таму ќе продолжиме на школо со сестра ми Верка. Убаво ни е овде со насолзени очи рече Борис. Борис често пати се слушаше кога викаше по сестра му Верка, Верке наша ајде да одиме на школо. Сестра си Верка ја викаше така поради имаше повеќе девојчиња со истото име. После кратко време дедо му Илија Крушка со биволската запрежна кола ги пресели во с. Галичани. Нашето училиште поред Боше изгуби уште два ученика. Никогаш не се вратија во Марул. Никогаш нема да се заборави таа разделба, качени на кола мавтаат со рачињата и очите жалосно солзат. Во пролетта 1951 година веќе се дозна да Јованоски Цветан Крушка претседателот на задругата с. Дабјани деновиве се враќа кај родителите Илија и Петра фамилијарно се враќа во с. Марул. Поводот за неговото враќање бил во тоа што помошниот порезник Ристе Бунте по селата на тие што немале пари да платат порез му одземал од дома се што ќе најдел поважно без со некого попраша, консултура. Цветан Крушка бил против неговата одлука и му рекол нас со тебе овде лесно ни е, ние ги манкаме нозете под маса, земаме плата. Тие по цел ден сонцето ги печи и вечер кога ќе си дојдат да нема со што да се покријат. Цветан ја зел столицата, го удрил Ристета и го превртил под масата. Од тој случај Цветан бил само политички отстранет од тоа работно место, а не гонет поради имал повисок воен чин.

На тоа Цветан Крушка решил да се врати во Марул.

Во Марул Цветан го зеде местото за претседател на селската колективна задруга СКЗ, се до расформирањето на колективот во месец април во 1953 година. Ќерка му Арса во Марул го заврши четврто одделение. Сите марулци за случајов го бранеа Цветан.

Број 8

Запишани деца за првачиња осма генерација во училиштето во с. Марул годината 1951/52

Јованоска Димитриева Верка – Курелоска

Дамјаноски Ристев Благоја

Атанасоски Јованов Пецо – Танески

Здравески Атанасов Симон – Чонески

Митрески Јованов Коста – Мурџески

Ангелески Игнев Павле – Павлески

Ристески Танев Спасе – Танески

Продолжува

Loading