КАНДИЛО ЗА ВЕЛИГДЕН ДОМА

kandilo

Во пресрет на најголемиот верскиот празник Велигден, кој верниците со радост секогаш го чекаат, атмосферата е необична поради заканата за ширење на коронавирусот. Поради метежот кај банките, маркетите, а што може да се случи и во црквите, се трансформира традиционалната прослава низ храмовите. Не е грев да се остане дома и времето да се користи за повеќе молитви, да се запали кандило крај семејната икона, како замена на празничните литургии во храмовите. За да се задоволи духовната потреба, традиција и благочеста може да се одржува дома, наместо да прават собири надвор од храмовите. Ноќта на воскреснувањето на Исус Христос да се запали свеќа по дворовите, на балконите и терасите, на прозорците во домашен амбиент, не е црковно, но се слави достоинствено и богоподобно. Не е ерес богопоклонувањето да се прави не само во храмовите, туку поведението се покажува на улиците и по домовите.

Бидејќи е забрането одењето нао гости, на честитање на Велигден, како што секогаш семејствата се посетуваат и си го честитаат со црвени јајца, верниците можат дома да го прослават овој голем христијански празник со мисла дека се поклонуваат пред Распетието Христово и пред плаштеницата со упокоеното тело на Спасителот. Така Воскресението останува во домовите, во срцата на верниците.

Ваквиот начин на празнување да е последен додека трае светот и векот. Затоа да се прифати волјата Божја, да се истрае, без изобилна храна и пиење, туку со полезни разговори во духот на ведрината и радоста.

Богослуженијата ќе се пренесуваат на телевизиските и интернет каналите.

Loading