ВЕЛИГДЕНСКИ ВАУЧЕРИ ЗА СИРОМАШНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

Penzioneri

Корона кризата ги редуцира програмираните активности не само во пензионерските здруженија. Некои планирани акции од оправдани причини можно е и да не се реализираат. Тоа е тоа – ,,виша сила,,.

Во здружението на пензионерите нема видливи активности. Не се работи во централниот и останатите клубови. Не вежбаат, немаат проби ниту членовите на двете КУД ,,Пенка Котеска,, и ,,Пензионери,,. Мируваат и пензионерите спортисти.  Ќе се намалат заради кризната состојба сите планирани екскурзии и средби.

-Дај боже сé да биде во ред. Има време, ќе прошетаме во текот на летните и есенските месеци – велат пензионерите.

Со сигурност ќе се реализира дел од планираното. Од ланскиот приход од околу 780 илјади денари, 300 илјади им се распределени на пензионерите со пониски пензиски примања. Претседателите на 19 разграноци направија  списоци на пензионери кои не добиле ваучер пред Нова година  сега, за Велигден да добијат ваучер од илјада денари за набавка на колонијални и други производи од маркет.

-Ова е скромен подарок на пензионерите со пониски пензии да можат во овие тешки и кризни денови да набават по нивна желба производи за 1000 денари – вели претседателот Славко Трајкоски.

Вакви акции се очекуваат и наредните месеци, особено од Комисијата за здравствена заштита, преку која ќе се распределат повеќе од 300 илјади денари за набавка на производи пред Нова година, а повеќе од 1,5 милиони денари ќе за еднократна помош на пензионерите според правилник.

Loading