НАМАЛЕНА ФИРМАРИНА И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА ЗАКУП ПРЕД ОБЈЕКТ ЗА УГОСТИТЕЛИТЕ

Економски мерки за помош на правните и физичките лица погодени од кризата од Ковид 19

mile taleski loklani merki sovet prilep

 

Ослободување на правните и физичките лица од некои давачки кон локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија се дел од економските мерки за помош во кризната ситуација настаната со пандемијата од коронавирусот. Најпогодени се угостителите, пазарџиите, занаетчиите, а слух се има и за семејствата во социјален ризик на кои ќе им се помогне со ослободување од плаќање на таксата за комунален отпад за април и мај.

Советот на општината ја намали фирмарината од 6.000 на 4.000 денари, со вкупноо ослободување од 4.5 милиони денари. Користењето на просторот пред деловниот објект се намалува од 15 денари, на 5 денари по квадратен метар.

– Во месеците на вонредната состојба угостителите ќе бидат комплетно ослободени од оваа давачка. Вкупното ослободување е 8 милиони денари. За 600.000 денари е намалено истакнувањето на рекламни објави на јавни места, со што вкупното намалувањата на овие давачки за правните лица изнесува 13.2 милиони денари – изјави претседателот на Советот на општината, Миле Талевски.

Советници едногласно ги усвоија економските мерки.

– Се ослободуваат социјално загрозените лица и самохраните родители од плаќање комунален отпад за април и мај. Времено се ослободуваат од плаќање надомест за подигање комунален отпад правните лица од Старата чаршија и самостојните занаетчии. Ослободувањето се однесува на дуќанџиите, занаетчиите и сите угостители и хотелиери од подрачјето на општината Прилеп. Советот ги ослободи од плаќање надомест сите закупци на тезги и на деловен простор во сопственост на ЈКП Пазари. Одлуки се донесени едногласно – рече Талевски. 

Советот усвои одлуката за утврдување на приоритет за учество во проектната апликација ,,Паметни прекугранични мрежи за одржливо вработување и раст во туризмот,,.

Loading