КОЗМЕТИЧКИ МЕРКИ

ВМРО – ДПМНЕ

vmro pekata

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Петар Ристески изрази незадоволство од отфрлањето на манозиснтвото на СДСМ во општинскиот совет за предложените локални мерки за ублажување на кризата, оценувајќи ги донесените како козметички.  

-Не знаеме зошто мнозинство на СДСМ во Советот не сакаше да се намалат за 50 отсто давачките на граѓаните за данокот на имот и за данокот за наследство за 2020 година. Не прифатија и целосно ослободување од плаќање на фирмарина за 2019 и 2020 година. Не го прифати ја ниту предлогот за целосно ослободување од надомест за користење на јавен простор пред деловните објекти, вклучително и за летни тераси до крајот на 2020 година. Го отфрллија предлогот за прекинување на договорите за времени вработувања додека трае вонредната состојба. Мнозинството покажа негрижа за социјално ранливите категории граѓани, за социјалните случаи, за кои предложиве намалување на сметките за вода и комунални услуги за 50 отсто следните 6 месеци – изјави Ристески.

Според него, наместо тоа, во време на пандемија, СДСМ преку јавните претпријатија склучува договори за вработување.

-ЈКП Водовод и канализација склучило договор за времени вработувања за 287.805 евра. Наместо да размислуваат за помош на граѓаните, власта на СДСМ ги тера тендерите и постапките како изградбата на мовчето кај сточниот Пазар, чија првична вредност беше 500.000 евра. Цели 10 месеци не се работи ништо, но сега во вонредната состојба, општината склучи анекс договор уште за 230.000 евра – рече Ристески.

Loading