Состанок на Општинскиот кризен штаб, издадени нови препораки до јавните институции и други субјекти

ELS 0895-

Општинскиот штаб за управување со кризи донесе одлука, сите оперативни планови на локалните и државните институции на територијата на општина Прилеп, да бидат преточени во соодветни процедури за работа во услови на евентуална прогресија на болеста Ковид 19.

Се упатува апел до претставниците на верските заедници на територијата на општина Прилеп, да се придржуваат до одлуките на Владата и препораките на Министерството за здравство, со цел намалување на ризиците за прогресија и ширење на коронавирусот во општина Прилеп.

Се интензивираат локалните мерки и активности за справување со Ковид 19, преку засилена дезинфекција на главните и периферните улици низ градот и во населените места.

ELS 0875-

Апелираме, сопствениците на маркети и пиљари да ги применуваат и засилат редарските служби, со цел да се избегнат гужви пред и во самите објекти.

Се информираат граѓаните на општина Прилеп, дека со одлука Министерството за здравство, од понеделник 30 март, нема да работат матичните стоматолози. Сите итни случаи ќе се упатуваат во службата за Итна стоматолошка помош, која се наоѓа во објектот на Итната медицинска помош.

Општинскиот штаб за управување со кризи, внимателно ја следи состојбата со коронавирусот на централно и локално ниво и во таа насока ги презема сите неопходни мерки за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните на општина Прилеп.

ELS 0872-

Loading