МИЛИОН МАСКИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

Комфи Ангел започнува со производство на сертифицирани заштитни маски

Irence

,,Компанијата Комфи Ангел ќе изработува сертифицирани професионални медицински маски со капацитет од милион парчиња месечно. Веќе е нарачана и платена нова машина и се инвестира во нов машински парк за автоматско производство на маски,,.

Ова го најави Ирена Јакимовска, менаџер на текстилната фабрика. Според ена ппочнува целосно нов процес на производство на заштитни медиоцински маски.

– Веќе е испонарача и платена нова машина и се инвестира во нов машински парк кој ќе ни овозможи автоматско производство на маски. Набавена е и испорачана поголема количина на сертифициран медицински материјал, кој е специјалзиран само за производство на маски. Со тоа, компанијата Комфи Ангел најдоцна за една недела ќе биде во можност да произведува професионални и сертифицирани медицински маски со капацитет од милион парчиња месечно – изјави Јакимовска.

Моментно Комфи Ангел произведува два типа на заштитни маски, капацитетот за месечно рачно производство на маските, со дополнување на одреден технички и технолошки материјал е 200.000 парчиња месечно. Но, подготовени се да произведуваат и скафандери.

– Маските кои се рачно изработени, не се сертифицирани и се со материјал што го имаме на лагер. За вакви маски имаме поголемо количество на материјал кој може да ни одговори. Истиот материјал го користиме за друг тип на производ, кој ќе ни биде неопходен во понатамошното функционирање, а тоа се скафандерите. Во моментот можеме да произведуваме уште два типови на производи за да им помогнеме на сите медицински лица. Одлучивме да преструктуираме одреден дел на производството, фокусиран само на потребите на нашата популација и на потребите на медицинските центри и лица во нашата земја – вели Јакимовска.

Доколу постои потреба, може да помогнат и во регионот.

Јакимовска: Регионална стопанска комора

НЕМА ОТПУШТАЊА ОД РАБОТА

Јакимовска како претседател на регионалната Стопанска комора со седиште во Прилеп, вели дека компаниите не ги отпуштаат вработените.

– Во овој момент нема испуштања од работа на вработените во прилепските компании. Единствено на принуден одмор се вработените во битолската компанија Кромберг и Шуберт заради недостиг на репроматеријали. Во Комфи Ангел нема да има отпуштање. Очекуваме тоа да го следат другите компании. За предложените мерки за стопанството ќе се разговара дополнително на ниво на Стопанска комора на Македонија. Сé е во предлог-фаза. Ги поздравуваме мерките на Народната банка за одложувањето на враќањето на главнината од кредитите на правните и на физичките лица во земјава. Тоа ќе го поддржи најнеопходното во овој момент – ликвидноста на компаниите – вели Јакимовска.

МЕЈЛОВИ ЗА НАРАЧКИ НА МАСКИ И ДОНАЦИИ

Комфи Ангел информира дека сите барања за донации од производите што се дел од од производната програма (перници, јоргани, заштитници за јога), и, пред сé, се за потребите на медицински центри и кризни штабови кои се носат со новонастанатата состојба на коронавирусот, може да се испратат на маил адресата [email protected]. Барањето за донација ќе биде разгледано од комисијата дали ќе биде прифатено и како понатаму ќе се реализира.

На мејлот [email protected] може да се доставуваат сите барања и порачки од здравствени установи и установи поврзани со здравствениот сектор кои имаат потреба од заштитни маски. Тимот на продажба ќе одговори соодведствено на барањата.

Loading