ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ – 40 ПРИЛЕПЧАНИ ПОД ПОЛИЦИСКИ НАДЗОР

els 0262-696x464

Вонредна состојба низ целата земја за да се спречи ширењето на коронаворусот, прогласи во средата претседателот на државата Стево Пендаровски. Во вонредно обраќање до нацијата, тој рече дека првпат од независноста, се прогласува вонредна состојба од 30 дена, а доколку има потреба, уште 30. Извршната власт ќе има зголемени ингеренции и ќе може да ги користи сите ресурси, и државни и приватни. Изборите ќе се одложат, а ќе се закажат кога ќе има услови.

Според Општинскиот штаб за управување со кризи, институциите во градов се подготвени за справување со коронавирусот на територијата на општината Прилеп. Болницата и персоналот се опремени со соодветни средства за евентуални случаи на заболени. Инфективното одделение функционира според ажуриран оперативен план во услови на пандемија. Тимовите на Центарот за јавно здравје редовно и навремено ги спроведуваат анкетите и тестирањата на лица кои се вратиле од странски земји.

Во домашна изолација и под полициски надзор, до средата се 40 прилепчани. Полицијата ги посетува повремено.

Министерот Венко Филипче, во средата до 17 часот објави дека се заболени 35 лица од Скопје и Дебар.  Нема ниту еден од Прилеп.

mIENJE

Loading