Што е КОВИД-19?

Мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19

Korona visrusot ne e sega

 

КОВИД-19 е заболување предизвикано од САРС-ЦоВ-2, вирус од фамилијата Коронавирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично). Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица. Сите патници кои доаѓаат од земјите со висок и среден ризик треба да се задржат во самоизолација од 14 дена во нивниот дом и да пријават на надлежните доколку почувствуваат симптоми.

Кои се симптомите на заболувањето со КОВИД-19?

Првичните симптоми кај заразените лица се, треска и висока температура, тешка кашлица, отежнато дишење. Болеста може да предизвика сериозни компликации кои може да ја нарушат функцијата на органите за дишење, кардиоваскуларниот систем  и на бубрезите. Болеста може да варира од лесна до тешка форма, со можни фатални последици. Лекувањето на заболените е палијативно и симптоматско. Во овој момент не е достапна антивирусна терапија, ниту пак вакцина за превенција од заболување со КОВИД-19.

Како да се заштитите од заболувањето со КОВИД-19?

Мијте ги рацете често, користејќи сапун и вода, подолго од 1 минута, внимавајќи да ги опфатите сите делови од дланката и прстите. Избегнувајте близок контакт со болни лица или лица кои се вратиле од патување од земја со висок или среден ризик. Користете средства за дезинфекција или алкохолни марамчиња. При кашлање или кивање покријте ги носот и устата со марамче за еднократна употреба и веднаш потоа фрлете го на безбедно место. Доколку немате марамче, покријте ги носот и устата со рака свиткана во лактот. Следете ги препораките на Министерството за здравство и редовно информирајте се од надлежните институции за најновите вести и насоки.

Што доколку се сомневате дека сте заболени од КОВИД-19?

Броеви за контакт доколку имате симптоми на КОВИД-19, е Центар за јавно здравје Прилеп 076 475 747, ИЈЗ Скопје 078 387 194 и Ало докторе 02 15 123. Мерките се воведени од почеток и се препорачува секој граѓанин да ги следи овие препораки, кои укажуваат да не се оди на матичен лекар да се избегнат ситуации во кои тие се ставаат во директен контакт и ризик со можно заболени пациенти. Според препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести, сите патници, кои пристигнуваат од ризичните региони, како и тие кои се во самоизолација, веднаш штом ќе почувствуваат какви било симптоми, карактеристични за КОВИД-19, треба да се јават на телефоните за контакт при епидемиолошките служби.

Како до правилна домашна само-изолација?

KOVID 19 mk

Останете дома, освен во случај на итност. Доколку имате можност, работете од дома. Одделете се од останатите во различни простории. Редовно проветрувајте ги просториите. Доколку имате на располагање, користете посебен тоалет/бања. Во спротивно редовно дезинфицирајте го оној кој сите го користат. Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење. Доколку нарачувате храна/продукти преку достава, друг член на домаќинството да ги превзема, избегнете контакт со доставувачот. Бидете на безбедно растојание со другите помеѓу 1 и 2 метри. Чистете ги површините во домот коишто најчесто ги користите. Следете ги препораките за превенција од здравствените установи. Доколку чувствувате исти или слични симптоми на грип, не посетувајте доктор, туку јавете се во центрите за јавно здравје.

Венко Филипче, министер за здравство 

venko-filipce

 

КОРОНАВИРУСОТ НЕ Е ШЕГА

ПОкрај прес конференциите министерот Филипче редовно информира и на неговата фејсбук страница:

– Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките, оти  коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе се преземема се што е потребно да го заштитиме јавното здравје. Но, ова институциите не може да го направат сами. Потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните. Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик. Сите информации и препораки ги има на линкот:https://vlada.mk/covid19. Ситуацијата со коронавирусот во земјава со детален приказ на бројот на пациенти по локација, возраст, дата на дијагностицирање со вирусот, како и начин на заразување ја има на линкот. https://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html

Loading