СЕ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД

Ирена Јакимовска, директор на Комфи Ангел и претседател на Регионалната стопанска комора Прилеп

IKi 1

 

– Главниот фокус како работодавачи да ни биде на здравјето на нашите вработени и нивните семејства. Многу полесно ќе биде да сумираме финансиска загуба со здрава и жива популација, (ќе се закрепнеме од финансиската загуба).

Ова се некои нови времиња, нови предизвици, на кои ќе мора сите да се прилагодиме. Кога зборуваме за зборот еднаквост, човешвото многу ретко може да покаже моменти на еднаквост и колективност. Овие времиња се едни од нив.

Имено, еднакви сме сите пред вирусот, истиот не препознава богати и сиромашни во секаква смисла и духовно и материјално. Како прво, единствено духовното богатство помага да се надминат овие специфични моменти и како второ, колективната свест која мора сите да ја имаме и со помош на која можеме да ги надминеме сите негативни последици од ново настанатата ситуација.

Како компанија и како гласот на бизнис заедницата од нашиот регион, заклучокот е дефинитивно дека кај сите нас ќе има негативни економски влијанија и последици.

Треба да бидеме свесни и совесни на дневна база и да преземаме акции за одржливост на процесите на производство кои во овој момент се фундаментални за секое општество. Главниот фокус, како работодавачи, да ни биде на здравјето на вработените и нивните семејства, бидејќи нашиот народ рекол, што и да е, ќе помине. И ова ќе помине. И еден ден кога ќе ги сумираме резултатите. Многу полесно ќе биде да сумираме финансиска загуба со здрава и жива популација, (ќе закрепнеме од финансиската загуба), отколку финансиска загуба и плус загуба на човечки животи.

Мерките кои ги предлага Владата се одлични во рамките на нејзината можност и капацитети и досега вродуваат со плод.

Во оваа прилика, да го искористам вашиот медиум и да испратам порака до сите нас да ги почитуваме препораките од Министерот за здравство, да останеме позитивни.

Се ке биде во ред.

Loading