ИСКРШЕНИ ФИДАНКИ И УКРАДЕНИ ЗИМЗЕЛЕНИ РАСТЕНИЈА

89405939 788140471592960 2845505443797663744 n

89489249 648551389241039 9088294894488780800 nИ во време на криза, несовесните граѓани не мируваат, туку уништуваат низ градов. Празни дупки осамнаа на местата каде лани беа засадени зимзелени украсни растенија во Точила. Очајно е и покрај Дабничкиот канал. Искршени се посадените садници на млади фиданки на листопадни дрвја. Отиде на ветар грижливо уредениот простор и обидот за разубавување на околината на каналот како зелен појас на градот.

 Додека комуналците се на висина на задачата да ја одржуваат хигиената низ градов, додека вршат дезинфекција на критичните места со отпадот во време на пандемија и создаваат зелени површини со млади садници, совеста на одредени сограѓани затајува.

Бе разлика на разочараноста од постапките на граѓаните, комуналците продолжуваат да се борат против оваа со години немила појава, и на места на искршените и откорнатите дрвја и украсни растенија ќе засадат нови. Сепак, останува прашањето дали и во време-невреме успева да ,,цвета,, некултурата и грижата за општите добра, корисни за здравјето на луѓето. Патем, се знае дека зеленилото го подобруваат амбинеталниот воздух и влијае на прочистувањето на животната средина.

Loading