РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА СТАРИОТ ПАТ

Додека се чека продолжување на ескпресниот пат Градско – Фариш

До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на делот од патот од Градско до Прилеп на делницата од Дреново до Фариш долга 9,1 километри која чини 1,5 милиони евра. Потоа реконструкцијата ќе продолжи од Фариш до Прилеп во должина од 19 километри.

-Рехабилитација на делот од Фариш до Прилеп се очекува да заврши до крајот на годинава. Паралелно се работи на патот кон Мариово. Дадена е проектна задача на Градежниот факултет за автопат од Прилеп до Битола – рече директорот ЈП Државни патиша, Зоран Китанов.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески нагласува дека на Општините им се ставени на располагање 70 милиони евра за рехабилитација на локалните патишта и улици. Од овие пари Прилеп ќе добие 1,25 милион евра за санација на локални патишта и улици.

Loading