ФИДАНКИ ПОКРАЈ ДАБНИЧКИОТ КАНАЛ

fidanki

Неколку десетици млади садници на листопадни дрвја, албиција, ќе бидат новиот дрворед покрај Дабничкиот канал во населбата Али чаир и Типската населба. Комуналец најпрво засадува на едната страна. Планира подножјето на стеблата да го претвори во зелен појас, да го разубави и да го промени непријатниот изглед околу каналот. Ова е втора фаза, откако се исчистија наносите од земја покрај каналот.

Паралелно се кастрат дрвјата во населбата Ѓогдере да се создаде терен за обновување на парковските површини околу станбените објекти. Планирано е поставување на нови клупи и корпи за отпадоци и понатаму и детски реквизити за забава на најмладите.

fidanki 2

Населбата располага со бунар со водоводна мрежа за технолошка вода за полевање на парковите.

Loading