ПУЛЕКСЕНИЈА ЈОВАНОСКА – БРОЈ ЕДЕН

Избор на спортист за 2019

ELS 0264

Карате – репрезентативката, Пулексенија Јованоска ја доби наградата за најдобар спортист на Прилеп за 2019 година. Минатата година таа го освои 5-тото место во ката на Европското првенство во Шпанија, пласман кој и ја донесе и титулата најдобра спортистка на државава. Од ,,Зенит” беше прогласена за спортист на градов за 2014 година. Меѓу десетте најдобри се и параглајдеристот Борјан Јованоски, пингпонгарот Ѓоко Јочкоски (најдобар спортист за 2019 во изборот на весникот “Зенит”), џудистот Давор Велкоски, Катерина Милеска од ЖФК „Деспина”, џудистката Теодора Димеска, Мери Чкрипеска од Ориентациониот клуб „Златоврв”, натпреварувачката во параглајдинг Александра Уфцеска, Стефанија Перканоска од спортско качувачкиот клуб „Златоврв” и гимнастичарката Теа Велкоска.

Најдобар клуб е парглајдинг клубот „Делта”, најдобар тренер е Дејан Мицкоски од ЏК „Сеишин”, најдобра младинска екипа е ФК „Победа”, а најдобар тренер со младите категории е Адријано Котевски од РК „Прилеп”. Дарко Чатлески од боксерскиот клуб „Ас” е најдобриот спортски работник, фудбалерот на италијанскиот „Удинезе” Илија Нестороски е најдобриот играч кој настапува за странски клуб, најдобар спортист со инвалидност е пингпонгарот Рубинчо Ристески, а најдобар судија е Валентина Пурдеска.

{AG}585/sport{/AG}

Дипломи добија десетмина млади спортисти: фудбалерот Лука Георгиески, велосипедистот Андреј Маџоски, Елеонора Кржеска од Ориентациониот клуб „Златоврв”, натпреварувачката во борење Барбара Стојкоска, џудистот Владимир Милчиноски, фудбалерката Сара Ефтинџиоска, фудбалерот Давид Јошески, каратистот Матеј Белистојаноски, гимнастичарката Сара Петрова и ракометарот Бојан Вренцоски. На спортскиот новинар Миле Талески, му беше врачена Плакета за особен придонес во развојот на спортот.

Покрај градоначалникот Илија Јованоски и претседателот на Советот Миле Талевски, наградите ги врачуваа и поранешниот фудбалер на „Победа” и спортист за 1976г., Рубин Ѓорѓиески, поранешна ракометарка Гордана Цветаноска, ракометниот екс-репрезентативец Гоце Макалоски, претседателот на Џудо федерацијата Владимир Трпаноски и селекторот на параглајдинг репрезентацијата Миле Јованоски.

Loading