ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (34)

marul 1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Во 1935 година во с. Марул се родени четиринаесет деца. Десет женски и четири машки. Женски деца: Атанасоска Трајанова Ѓурѓа Танеска, Јованоска Јованова Крста Јоноска, Митреска Јованчева Марија Мурџеска, Мојсоска Велева Најденка Колеска, Новаческа Јованова Аргида Гулабоска, Ристеска Богданова Драгана Јанкоска, Петреска Јованова Благуна Мурџеска, Петреска Ацева Алтана Бабјакоска, Петреска Петрева Зора Бабјакоска, Ризоска Боризова Горица Бошеска. Машки деца: Василоски Миланов Василе, Мојсоски Ќирев Благоја Колески, Петрески Ванѓелов Томе Бабјакоски, Ризоски Колев Трајче Бошески.

Јованоска Крста умрела мала, пред да наполни година дена пред нејзиното родување. Василоски Василе умрел во 1938 година. Одејќи неговите родители на гости на Велигден со запрежната воловска кола кај браќа е на мајка му Аргида кај Перковци во прилепско Алинци, во местото Чешмите пред с. Канатларци дувало силен ветер кој носел се пред себе, па и трње ветруганци кои прелетувале преку грбот на воловите. Воловите се исплашиле од трњето, излегле, скршнале од патот , ја превртеле колата и малиот Василе бил смртно повреден.

Во 1937 година на Петрески Аце Бабјак му умре жената Трајана, го остави Аце вдовец и малата Алтана сирачка. Аце како вдовец нашол слободно место за дома зет кај вдовицата Чона во с. Маково. Аце си ја зел ќеркичката Алтана и се преселил во Маково. Алтана животот го продолжила во с. Маково.

Останатите единаесет деца од с. Марул беа запишани за прво одделение во учебната 1942/43 година во училиштето во с. Подмол. Иако било законски задолжително образованието и за женскиот пол, родителите на девојчињата, поготово мајките се супроставиле, биле против законот со образложение да децата се мали, патот е долг, од невреме во зима со снег и така скоро сите девојчиња од таа генерација биле задржани дома. Исто така и карактерот на воспитувачите, учителите не бил поднослив од дрско носење према малите ученици.

Во 1936 година во с. Марул се родени четири деца. Едно женско и три машки. Петреска Цветанова Алтана Мурџеска, Велјаноски Орданов Славе Танески, Митрески Јованчев Богоја Мурџески, Стојкоски Илијев Алексо. После две години Велјаноски Славе се разболе и почина. Петреска Алтана, Митрески Богоја и Стојкоски Алексо се запишани во прво одделение во училиштето во с. Подмол за учебната 1943/44 година. Таа зима времето било многу нестабилно со голем, дебел снег и голем студ.

Дивината волците огладнеле, немало што да јадат, почнале да доваѓаат во селото, земале надвор што ќе најделе. Николоски Петре имал едно куче пудле. Селаните го збркале волкот со кучињата по патче према местото Поповица и реките. Петревото куче во попојца отишло близу до волкот. Волкот е повратил го лапнал и на бегање го проголтал кучето. Родителите од тој настан со кучето ги фатило паника, страв и не ги пуштале преку зимата да одат на училиште во село Подмол.

Воено време, бугарската влада разнишана, учебната 1943/44 година заврши, учениците си отидоа на годишен распуст и одмор. Бугарските учители повеќе не се вратија, да се соберат децата за нова учебна година, Бугарија капитулира на 8. 9. 1944 година. Последна настава од бугарските учители беше до распустот на учениците во пролетниот период. Во истото зимо во декември 1943 до февруари 1944 година беше големиот февруарски поход на партизанските единици.

Училиштето во село Марул

Со свикувањето на АСНОМ на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчински поред повеќето закони, донесена е одлука во сите населени места, градови и села да се воведи настава на македонски јазик. Самиот Ченто рекол Бугарија е пред капитулација, затоа ние сме собрани овде за да ја конституираме нашата идна македонска држава.

Во есенскиот термин во 1944 година за прв пат започна наставата на македонски јазик во с. Марул. Наставата ја изведуваше учителката Јованка Давкова од Битола во куќата на Јованоски Тодор Бубуз, се до завршувањето на распустот во 1946 година кога нејзе ја заменува учителката Квачкоска Менка од Прилеп. Во есента 1946 година во Марул доаѓа градежна инженерска група за да одреди за градење на училиште.

Градежната инспекција предвидело како центар место да се гради училиштето во колеската ограда. Селото не го прифатило предлгот дасе гради училиште во Колеската ограда од повеќе причини. Колеската ограда е сопствено куќно место со поседовен катастарски лист. Има миризба од колеската – павлеската казарница каде се печи ракија нон стоп, а ќе биди во близина на училиштето. Во близината е средселото каде секое утро се собираат селските пашити говеда, се слуша рикање на говедата и ржње на коњите. Исто така на сведните денови има собиралиште средсело со музика, селско собиралиште за разни конференции. Градежните инспектори ја ислушале мислата од селаните и побарале од селото да му покажат локални места места од напуштени живеалишта. Како второ место за изградба на училиштето било разгледувано некогашното гулабоско куќно место од 1898 година од преварантот прилепчанецот Аце Џуке. И на ова место планот за градење училиште пропаднал, затоа што во близина има река и црква со селските гробишта од вознемиреност на учениците кога ќе носат умрен човек и тропање на црквеното ѕвоно. Градежната инспекција преминала во оградата на бегот Емин битолчанецот. Местото не му се допаднало, било многу водоврично. Инженерската градежна инспекција се префрлила на северозападниот дел од селото во некогашното куќно место на бегот Ремзија. Према проценката на комисијата местото е оценето за изградба за училишен објект. Сува подлога на местото и е надвор од секаква сметна при предавање на училишните предмети.

Продолжува

Loading