ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (33)

marul 1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Во 1924 година се родиле Колеска Богојева Невена Бошеска, Јованоска Јованова Велика Коноска, Новаческа Димитријева Јаглика. Не се родило машко дете. Нема запишано дете за во прво одделение за во учебната година 1931/32г. како втора генерација од с. Марул за во училиштето во с. Подмол.

Во 1925 година во Марул во раѓање доминира машкиот пол. Родени се Јованоски Јованов Славко, Петрески Велјанов Ванчо Бабјак, Ристески Ристев Китан Јанкоски, Стеваноска Најдова Весела. Весела била ослободена од школувањето, а додека Атанасоски Тане, Петрески Ванчо и Ристески Китан биле запишани во прво одделение во учебната година 1932/33г. во училиштето во Подмол.

Во 1926 година се родиле повеќе деца во кои доминира женскиот пол. Атанасоска Трајанова Ѕвезда Танеска, Атанасоски Мицев Тане Танески, Атанасоски Ристев Јован, Јованоска Илијева Лоринка Крушкоска, Јошеска Петрева Божна Николоска, Новаческа Јованова Павлинка Димитријоска, Ристески Богданов Ѓорѓија Јанкоски, Ристеска Крстева Драгица, Стојаноска Илијева Писана Котеска. Ристески Ѓорѓија на годината починал. Атанасоски Јован бил запишан во прво одделение во учебната 1933/34 година во училиштето во Подмол.

Во 1927 година во с. Марул се родени осум деца, три девојчиња и пет машки. Девојчиња се Јованоска Јованова Анѓа, Јовческа Ристева Роса, Петреска Цветанова Сребра. Машки: Јошески Божинов Ќиро, Митрески Ристев Цветан МурЏески, Ристески Јованов Атанас Мурџески, Петрески Петрев Димитрија Бабјак, Ристески Петрев Алексо Јанкоски, Јошески Ќиро Котески Митрески Цветан, Петрески Атанас, Петрески Димитрија и Ристески Алексо се запишани во прво одделение во учебната 1934/35 година во училиштето во с. Подмол.

Во 1928 година во Марул се родени шест девојчиња и четири машки деца. Атанасоска Трајанова Илинка Танеска, Василоска Стојанова Цвета, Ристеска петрева Спасија Јанкоска, Стеваноска Најдова Цвета, Гулабоска Стојаноска Илијева Калина Котеска, Ризоска Колева Лоринка. Атанасоски Ристев Атанас, Дојчиноски Божинов Благоја Јолески, Мојсоски Велев Ванчо Колески, Ристески Танев Китан Танески. Атанаски Атанас почина уште како дете повивалче во пеленските години. А додека Дојчиноски Благоја Мојсоски Ванчо, Ристески Китан беа запишани за во прво одделение во учебната 1935/36 година во училиштето во с. Подмол.

Во 1929 година се родени седум деца, две девојчиња. Атанасоски Трајанов Алексо, Атанасоска Мицева Пауна, Павлески Ванчов Аце, Јованоски Илијев Јованче Крушка, Петрески Велјанов Алексо, Петреска Цветанова Драгица Мурџеска, Петрески Јованов Ѓорѓија Мурџески, Јованоски Илијев Јованче после четири години почина. Неговите врсничиња Атанасоски Алексо, Павлески Аце, Петрески Алексо, Петрески Ѓорѓија се запишани во учебната 1936/37 година во прво одделение во училиштето во с. Подмол.

Во 1930 година во с. Марул се родени осум деца, три женски и пет машки. Петреска Петрева Весела Бабјакоска, Ристеска Крстева Петра Танеска, Ристеска Танева Илинка Танеска, Јованоски Јованов Душан, Новачески Јованов Живко Гулабоски, Ристески Ристев Цветко Цане Јанкоски, Стеваноски Најдов Живко Гулабоски, Тошески Божинов Веле Јолески. Овие пет деца се запишани во прво одделение во учебната 1937/38 година во подмолското училиште.

Во 1931 година во с. Марул се родени пет деца, три женски и две машки. Атанасоак Мицева Грозда Танеска, Петреска Јованова Нада Мурџеска, Ристеска Богданова Најденка Јанкоска, Атанасоски Ристев Благоја Танески, Павлески Ванчов Коле. Малиот Коле се разболел и умрел. Атанасоски Благоја е запишан во прво одделение во учебната 1938 – 39 година во училиштето во Подмол.

Во 1932 година во с. Марул се родени пет деца од кои четири женски и едно машко. Петреска Ванѓелова Лоринка Бабјакоска, Ризоска Колева Милица Бошеска, Ристеска Петрева Зора Јанкоска, Ристеска Танева Велика Танеска, Атанасоски Неданов Сребре. Сребре уште мал умрел. Од оваа генерација нема запишано деца за во прво одделение за учебната 1939/40 година во с. Подмол.

Во 1933 година во с. Марул се родиле пет деца, две девојчиња и три момчиња. Велјаноска Орданова Васка, Петреска Петрева Цена, Петрески Ванѓелов Митре Бабјакоски, Васка е Танеска Цена е Бабјакоска. Овие три машки деца се запишани во прво одделение во училиштето во село Подмол во 1940-41 година, последна генерација во српско.

Во 1934 година се родени во с. Марул десет деца, седум девојчиња и три машки. Атанасоска Неданова Петкана Танеска, Атанасоска Неданова Петра Танеска,  близначки, Атанасоска Ристева Спасија Танеска, Дамјаноска Ристева Марија, Новаческа Божинова Петкана Гулабоска, Петреска Цветанова Илинка Мурџеска, Павлески Ванчов Мирко, Ристески Блажев Богоја Танески, Ристески Крстев Тоде, Стојкоска Илијева Кита, Стојкоска Кита умрела 1935 година. Останатите девет деца и нешто постарата Атанасоска Грозда беа запишани на училиште во учебната 1941/42 година во училиштето во с. Подмол.

Бугарски учители во село Подмол биле Манче Миле и Саво.

Раскажувачите не се сеќаваат на нивните презимиња. Начинот на постапката према учениците бил на ист начин од двете страни. Српските просветни учители ги турмозеле, тевтишеле учениците да го заборавиле и мајчинскиот српски јазик. Истото го правеле и бугарските учители, ги малтретирале децата ученици да го заборавиле мајчиниот бугарски јазик. За децата ученици двата јазици биле туѓи кои не се зборувале во нивните домови и затоа биле осудувани со казна со засученици ногавици до колена клечеле на жив грав и пченкарни зрна.

На ученичката Новаческа Божинова Петкана во 1942 година мајка и Стојна умре. Во 1943 година татко е на Петкана, Божин отиде домазет кај Божиновци во с. Бонче. Малата Петкана си ја зеде со него каде Петкана животот го настави да го живее во с. Бонче.

Продолжува

Loading