БК 7 МАЈ 30 БОДА – БК БУЧИМ 18

Борење

Борачкиот клуб 7 Мај Леов станува ,,закон,, во женското борење. На Државното првенство за девојки до 15 години настапија 9 членки од клубот и сите 9 освоија медали. Во групата до 36 кг. од прво до трето место се В. Стојаноска, И. Мицеска, Д. Богеска, а до 50 кг. второ Х. Велеска, трети О. Мицеска и М. Тодороска. До 54 кг. втора е Е. Темелковска, а до 41 кг. трета М. Богеска. Во најтешката категорија до 65 кг. очекувано прва е Б. Стојкоска. Некои ривалки се исплашиле и не се појавиле да се борат.

Табелата е очајна за конкурентите: 7 Мај Леов Прилеп 30 бода, Бучим Радовиш 18, Безбедност Скопје 9, Вардар Скопје 5, Неготино и Борец Велес по 4, Балканец Штип 3.

Loading