НИТУ НА НЕБО, НИТУ НА ЗЕМЈА

Вработените од државната компанија Еурокомпозит

– Државата им борчи 20-тина плати или по околу 4 до 5.000 евра по вработен

eurokompozit-1536x864

Ќе ги обноват протестите вработените во Еурокомпозит доколку продолжи агонијата со единствената фабрика за наменско производство во државна сопственост. Веќе месец иполовина 64 работници седат дома.  Пуштени се на принуден одмор, бидејќи компанијата нема обезбедено работа. Оставени се сами на себе, на улица. Ланската година не зеле ниту една плата. А немаат ниту здравство, ниту пензиско, нити се вработени, ниту невработени. Обвинуваат дека сé почнало со продажба на одредени репроматеријали во компанијата, а Владата нема слух да ги слушне нивните проблеми.

– Значи крајно несериозна е Владата. Не сака да го реши проблемот за 64 луѓе. Повеќе од 4-5 месеци нема никаква работа, не знаеме што да правиме. Нема и здравство, нема директори. Си седат в канцеларии, а вработените се на принуден одмор. Излегуваат на телевизија пратениците се фалат дека е донесен Законот, дека е излезен во Служен весник, но до денес по 4 месеци немаме ниту платен стаж, ниту плати, ниту придонеси. Не е ефектуиран Законот за придонесите, бидејќи претставникот на државниот капитал дал оставка. Без него не можело да се свика собрание да се реши проблемот. Претставникот е повлечен на 4 декември, а од тогаш нов не е поставен – вели Роберт Богданоски, вработен во Еурокомпозит.

– Подолг период буквално ги молиме и директорот и претставниците на управниот одбор и сите пратеници, упорно цело време ги молиме да имаме некоја средба, бидејќи сме оставени на улица. Сите имаат повеќе права од нас. Немаме ниту здравство, ниту пензиско, ни плата земаме, ниту вработени, ниту невработени сме – рече Горан Велески, вработен во Еурокомпозит.

eurokompozit

– Имаме сознанија дека од фирмава се изнесуваат одредени репроматеријали, кои ќе бидат потребни. Ги продаваат на други фирми, а парите наводно биле во фирмата. Но, и да се. Ако тие репроматеријали ни притребаат утре, ќе ги немаме. Па да се купат ќе се чека со месеци – вели Зоран Бошески, вработен во Еурокомпозит.

Лани не зеле ниту една плата. Добивале само заостанат долг. Државата им борчи 20-тина плати или по околу 4 до 5.000 евра по вработен.

Вработените многупати протестирале, блокирале улици, дури во шатори спиеја и пред Влада. Од владините и локалните функционери добивале многу ветувања.

Во ноември 2019, претставниците на синдикатот од градоначалникот побараа да посредува во изнаоѓањето решение за нивниот проблем, односно да им овозможи средба со претставници на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана.

Eurokopozit2

Во август 2019, предлог законот за претворање на побарувањето на државата по основ на јавни давачки во траен влог во прилепски Еурокомпозит, со кој на работниците ќе им бидат надоместени придонесите за пензиско и инвалидско осигурување од околу два милиони евра, беше повод за средба помеѓу менаџментот, работниците и синдикатот со заменичката на претседателот на Владата и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска.

Околу 150 вработени во 2019 г. заминаа технолошки вишок, фирмата продолжи да функционира со шеесетина вработени.

Нивните очекувања се дека фабриката ќе склучи договори за работа со двете министерства, што ќе значи редовна плата и плаќање на придонесите за вработените. Странски инвеститори заинтересирани за Еурокомпозит и за негова понатамошна консолидација им најавуваше и вицепремиерот за економски прашања Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

11.Октомври – Еурокомпозит е фабрика за наменско производство во државна сопственост, чиј долг изнесува повеќе од 5 милиони евра.

Eurokopozit3

Loading