СО ЕВРОПСКИ ПАРИ КОМУНАЛЕЦ ДОБИ НОВА ХИДРОУЛИЧНА ПРЕСА

Presa

ЈКП Комуналец, доби нова автоматската преса, набавена преку проектот БИО – РЕАЛ, од ЕУ со проектот прекугранична соработка со Грција. Вредноста е 3,67 милиони денари.

-Комуналец продолжува со осовременување и модернизација. Неодамна доби нов камион за отпад преку проектот БИО – РЕАЛ, а сега во функција ја ставаме хидроуличната преса за пресување на отпадниот материјал. Се надевам дека доопремувањето ќе продолжи. Општината продолжува со субвенционирање на Комуналец. Годинава се одвоени 20 милиони денари за модернизација и осовременување на возниот парк –  истакна градоначалникот Илија Јованоски.

Според в.д директорката Ирена Станкоска пресата е монтирана и пуштена во пробна работа.

– Таа ќе помогне во подигање на продуктивноста. На посовремен начин ќе одговориме на потребите за селекцијата на отпадот. На месечно ниво има 100 тони отпад, од кои 70 отсто хартија, 20 проценти пластиката и 10 отсто најлон. Значи 1.200 тони годишно преработена хартија, пластика и најлон – истакна Станкоска.

Хоризонталната хидроулична преса со притисок од 200 бари, е наменета за пресување и балирање на сите видови стара хартија, картон, отпад од графичката индустрија, отпадни материјали од индустриското производство ПЕТ, МЕТ и ХДПЕ/ЛДПЕ, лименки, боци и сé што може да се балира. Може да преработи околу 4.000 кг на час.

Loading