СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ ГЕНТ ВО БЕЛГИЈА

Економски Факултет 

EF -foto

 

Како единица на УКЛО, Економскиот факултет разработува иновативна соработка со Универзитетот Гент во Белгија, преку тандеми на магистерски теми кои значат соработка на магистранти од Македонија и Белгија на различни теми, од двата аспекти – Македонскиот/Балканскиот и Белгискиот/Европскиот, при што магистрантите соработуваат во текот на магистериумот, а плановите за иднината се убави за сите. Магистрантите беа под менторство на доц. д-р Рената Петревска Нечкоска (за студентите на ЕФП) и нејзина ко-супервизија под менторство на проф. д-р Геерт Поелс (Угент). Пошироката мрежа на професори ги вбројува проф. д-р Оливера Костоска, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, проф. д-р Драгица Оџаклиеска, како и професори и деканот на Економскиот Факултет во Угент Белгија, во различни улоги во комисиите и како ко-автори на научни трудови во овој процес на градење академско-применливи мостови.

Првиот тандем веќе учествува во Портата на иновации на Народна Банка на Македонија и Игор Величковски, директор на Дирекцијата за платни системи, се магистрантите Мартин Трајковски и Квинтен Меулеман кои работат на тези поврзани со управување со промени и најновата ЕУ регулатива за платни системи 2. Мартин и професорката учестуваа на првиот работен состанок со советниците од Националната банка на Белгија, во рамките на твининг проектот “Јакнење на институционалниот капацитет на Народната банка на патот кон нејзино членство во Европскиот систем на централни банки”.

Loading