ЕВРОПСКА ПОДДРШКА ЗА ЗЕМЈОДЛЕСКО – СТОЧАРСКИ КОМПЛЕКС

Кај Славеј

Vezer shari 1

 

Ќе се гради земјоделско – сточарски комплекс за примарна обработка на земјоделски производи и современа фарма за говеда кај селото Славеј. Голд ленд е македонско – германската инвестиција од 4,5 милиона евра, од кои 1,5 милиона евра од ИПАРД 2 програмата. Комплексот треба да биде готов до крајот на наредната година. Инвестицијата е на групацијата Везе Шари. Годишниот капацитет е преку 1.000 грла. 

Еден од двајцата сопственици, Арбен Абдурахмани вели дека ова е мал придонес да се донесе Европа во земјава.

– Кога го напуштив родниот крај пред многу години, се стремев да се вратам и да продолжам со бизнис. Од личното искуство, упатувам порака до сите наши сограѓани во и надвор од државата дека во нашата земја постојат можности за водење на успешен бизнис. Радува што ќе ги зголемиме постоечките капацитети и ќе обезбедиме суровини за потребите на групацијата Везе Шари. Ова е наш мал придонес како инвеститори да ја донесеме Европа овде со изградба на земјоделско-сточарскиот комплекс – рече Абдурахмани, сопственик на Везе Шари и инвеститор во Голд Ленд.

Амбасадорот на Германија, Томас Герберих напомена дека Везе Шари е уште еден успешен пример за домашни фирми кои работат со германски капитал. Косопственикот на Голд ленд, Херман Хемлер нагласи дека е битна поддршката на институциите.

Vezeshair2

Предвидена е изградба на Центар за откуп и за складирање на зрнести култури, кој ќе прерасне во регионален и ќе овозможи загарантиран пласман. Центарот ќе биде ставен во функција за пет месеци. До крајот на 2020 година ќе се заокружи целиот комплекс.

Loading