ДЕСЕТТА ПОЕТСКА ВЕЧЕР „САМО ДОМА СИ Е ДОМА“

Гимназија „Мирче Ацев“

gimnazija 2

gimnazija 3„Само дома си е дома“ беше насловена поетската вечер организирана од Гимназијата ,,Мирче Ацев,,. Тоа е продолжение на традицијата на поетски вечери за одбележувањето на патрониот празник. Гостите уживаа во стиховите на талентираните рецитатори, а музичките изведби го дополнија филингот кога се испреплетуваат поетското и музичкото задоволство во Арт кафе – Апореа.

Соработката меѓу учениците, родителите и професорите преку ваквите манифестации испливуваат на површина. Дестетото издание на манифестацијата прерасна во незаборавна вечер.

Освен поетска вечер за патрониот празник, Гимназијата ,,Мирче Ацев,, традиционално организира и спортски натпревари. Во чествувањето на 77-годишнината од загинувањето на херојот Мирче Ацева на 4 јануари ќе биде положено цвеќе на Могилата на непобедените, на бистите во Алејата на народните херои и на бистите на Мирче Ацев во училишниот двор и во дворот на прилепската касарна. Во театар ,,Војдан Чернодрински,, секогаш се одржува и свечената академија.

Loading