ПЛОДОВИ И РАЗВОЈ ОД ПАРТНЕРСТВОТО СО ГИГАНТОТ

Пет години од стратешката соработка на Тутунскиот комбинат и Филип Морис

IMG 9995

 

Ефикасноста на Тутунскиот комбинат е резултатот од петгодишното стратешко партнерство остварено со Филип Морис Интерншнл и формирањето на заедничка компанија Филип Морис – Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП).

– Тутунски комбинат значително го подобрува својот статус и е на добар пат да стане пример за компанија која бележи позитивни резултати. По стабилизирањето на комбинатот, следеше квалитативна трансформација на производниот процес и модернизација, овозможена од стратешкото партнерство со Филип Морис. Кон подобрување на општите резултати на комбинатот придонесе и производството на прогресивен формат на Марлборо, што е голем успех за нас, а уште поголем, затоа што нé става како компанија на мапата на производители на најпознатиот глобален бренд во тутунската индустрија. Оптимисти сме за добрите резултати и за следната година со оглед на почнатиот откуп на тутунот и квалитетот што досега се покажа. Годинава беше пресвртна за Комбинатот. Амбициите за  в година се уште поголеми – истакна Кирил Станкоски, генералниот директор на ТКП.

IMG 0040

Ефикасноста на производството на Комбинатот во изминатиот период беше дополнета со подобрување на инфраструктурата, реновирање на производниот погон, подобрување на стандардите, производство на нови квалитетни брендови барани на пазарот и спроведување на стабилниот откуп и навремена исплата на сите договорени количества тутун. Како дел од ова партнерство, се унапредија производните процеси и квалитетот на производството, реновирана е производната хала од 5.000 м2. Сето тоа придонесе Комбинатот да се насочи на правилен развој со значителен позитивен придонес во македонската економија.

Loading