ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (28)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul

Големата воена вежба во есента во 1921 година

Во големата воена вежба која што се одржала есента 1921 година во време од еден месец во дебарскиот крај меѓу сите марулски учесници во старост до 55 години добиле позиви за на вежба меѓу нив биле Велјаноски Ристе покасно Јовчески и Јованоски Јован кои биле задолжени со по еден товарити транспортен добиток коњ, мазга или магаре.

Домаќините вежбари Ристе и Јован не биле во можност да носат посебно транспортно добитче од економски причини купиле едно заедничко магаре. Купеното магаре го пријавиле во военото  одделение во с. Прилепец. Воените власти ја прифатиле нивната молба за да имаат заеднички транспортен товарен добиток.

Само што се припремиле за воена вежба за наредниот ден во последната вечер од нивното заминување за на воената вежба магарето не си дојде дома. Безуспешно беше нивното барање преку ноќта. Утрото откако се раздени, провиде магарето на чајрот кај местото дупките го најдоа удавено од волкот. Не знаеја како да постапат према позивот треба да носат товарити добиток. Не отидоа на вежба туку отидоа во воениот оддред во Прилеп го пријавија случајот со магарето. Преку денот од воениот отсек од с. Прилепец дошла воена комисија на чајрот да ја разгледа ситуацијата со удавеното магаре. Воената комисија потврди и запиша да гладниот волк е дојден од гладна Бугарија дошол да се најади месо во богатата држава СХС.

Вежбарите Велјаноски Ристе и Јованоски Јован беа ослободени од вежбата, а додека нивната военост продолжила да важи се додека нивната старост не навршат до 55 годишна возраст се обавезни да ја бранат татковината.

Војници

Павлески Јованов Богоја посинок роден Ѓакоски Богоја во с. Штавица заминал на отслужување на воениот рок.

Женето

Јошески Николов Петре за Пунческа Митра од с. Бонче

2. Златески Атанас Аце роден во с. Мојно останал сираче како сестра му Менка. Му умреле родителите. Нивните вујчевци Стојче и Ризо од с. Марул, браќа на мајка му Доста ги зеле децата кај Таневци долни, ги одгледале. Прво ја омажиле сестрата Менка за Трајко Митрески во с. Маково. А сега на Атанас – Аце му најдоја место за домазет исто така во с. Маково за Карбоска Коприна Златески или Цароска, сеедно е.

Мажено

Дојчиноска Јолева Калина за Грашкоски Стојан од с. Мојно.

Јованоска Ѓорчева Ѕвезда за Лукоски Блаже од с. Бонче.

Родени

1. Атанасоска Мицева Сребра; 2. Атанасоска Трајанова Митра; 3. Јованоски Јованов Алексо; 4. Мурџески Ристев Мите; 5. Колеска Богојева Раца; 6. Павлески Трајанов Игне; 7. Ризоска Колева Благуна

Павлески Трајанов Игне е роден во с. Горно Коњари по презимето Макалоски Трајанов Игне. Игне уште мал останал сираче од својот татко Трајан. Неговата мајка Трајаница Цвета се премажила за Павлески Трајан во Марул и тука си донела и малиот Игне. Игне е израстен во с. Марул. Ризоска Колева Благуна исто така како Игне е родена во село Големо Коњари. Останала сирачка без мајка е Цвета. Коле татко и доаѓа домазет во с. Марул и Благуна си ја носи со него.

1922 година

На првиот Божиќен ден во 1922 година собрани марулци, мажи, жени покрај запалениот оган во непокриената камена трпезарија разговараат за се и сешто и за сите можни начини за подобрување на животот после војната. Сепак како голем проблем било што црквата е оштетена од војната претворена три години во болница од страна на германската воена власт оштетена без ниту една верска фреска внатре за да можат верниците свеќа да запалат за упокоените души, за свое здравје и молење кон севишниот бог.

На тој божиќен ден покрај задушницата и топлата послужени од земјените крондири марулци донеле една важна идеја. Се направил еден заеднички договор меѓу присутните марулски верници да се побара едно одобрение од митрополијата во Битола било на кој начин црквата внатрешно да се направи нов иконостас и други верски икони во црквата. Потребно е за венчавање, крштевање и за погреби. Митрополијата во Битола го прифатила нивното барање под услов селото селото Марул само да си го сноси чинењето на фреските, храната за мајсторите, сликарите и чинењето на материјалот при изработка на фреските. Договорот е усвоен од двете страни.

Во летото 1922 година доаѓаат мајсторите за обработка на фреските во кулата Јоноска – курелоска уште е сопственик на бегот Утоски битолчанец под чин пуковник за време на османското владеење до 1912 година. Мајсторите ја започнале работата на фреските и сликите на ѕидот на црквата. Сета работа на фреските се работела во кулата Јованоска.

Према кажувањето на постарите секоја една фреска, икона која била сработена мајсторите ја носеле на лице место, ја пробувале во случај ако не им се допаѓа фреската ја враќале назад на поправка во кулата и пак ја враќале назад на  определеното место во иконостасот. Секојдневно имало деца присутни кај мајсторите. Децата ги прашувале мајсторите на фреските, дали не ви е страв од иконите се страшни. Добивале одговор: нам не ние е страв, како ќе ги направиме така ќе изгледаат. Селаните го сноселе трошокот и одговорноста за престојот на мајсторите додека работеле во црквата со храна, хигиена и ред други работи.

Работата се одвивала нормално, една по една фреска. За три месеци црквата била накитена со целиот иконостас. По моќните домаќинства како Танески Стојче и Колевци Стојан направиле на нивни приватни трошок посебни насликани фрески на ѕидот од црквата. Стојчевци ја порачале сликата на ѕидот над јужната врата излезна. Излегувањето на Исус Христос од гробот со напис, текст наоколу гробот каде се спомнати родителите на Стојче Атанас. Дуна покојната му сестра Дона, Стојче и брат му Ризо.

Колевци ја порачале сликата во камарчето во олтарот каде стојат работите за причестување на Марија, мајката на Исус Христос. Исто така Колевци ги купиле сите потребни работи за причестување. Крстот, чашата, лајчето и дискот посребрени во легура.

Сета ова работа била завршена навреме пред Св. Мала Богородица каде се имало насобрано многу народ на денот Мала Богородица за да ја видат марулската црква накитена со ново божјо руво. Иконостасот во марулската црква по квалитет далеку се разликува во однос на другите околни цркви. Марулци чинењето  за работата и материјалот го отплатувале на битолската митрополија во вид на кредит, годишно го плаќале повеќе години.       

Продолжува

Loading