СПОМЕНИКОТ „ЖРТВИ НА ФАШИЗМОТ“ ЌЕ БИДЕ ПЛАТЕН ОД РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ?!

Spomenik 1

Со свечено откривање на обновената скулптура на споменикот ,,Жртви на фашизмот” кај месноста Дабница, Локалната самоуправа го започна чествувањето на празникот 3. Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. За Дабничкиот масакр, каде поголемиот дел од стреланите биле дабничани, во 1972 година подигнат е споменикот  ,,Жртви на фашизмот,,, бронзена човечка фигура, изработена од академскиот скулптор, прилепчанецот Димо Тодороски, која беше уништена и отстранета од непознати сторители. Еве што информираа за настанот од ЛС:

– Споменикот настрада од вандалски чин и во таква лоша состојба е донесен во Музејот. И како што направивме со орденот ,,Народен херој,,, како и со бистата на Тито, ги исправивме нештата. Идејата да се возобнови овој споменик, градоначалникот Илија Јованоски ја прифати и се заложи да се обезбедат финансиски средства со ребалансот на буџетот, со што и пристапивме кон оваа обнова на скулптурата – посочи Благоја Атанасоски директор на НУ Завод и музеј.

Spomenik 3

Според авторот на скулптурата, Сашо Попоски, направена е нова реконструкција со оригиналните димензии, височина од 2 м. и изработена од полимер – бетон со голема помош на леарница Панков од Скопје. Направиле реконструкција во оригиналните димензии со оригиналните делови, со помош на архивски материјали, фотографии, скици. Направил гумен калап и од него направил оригинална копија.

Spomenik 4

Loading