СЕФ ЗА ИНФОМАТИЧКИТЕ ПОДАТОЦИ

Изграден Центарот за обновување од катастрофи кај касарните

ikt3

Заврши градбата на Центар за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата кај касарните. ИКТ центарот е значаен за државата, за безбедноста на личните податоци на граѓаните и за функционалноста на институциите, кои се сервис за граѓаните.

Градежните работи чинат 3,4 милиони евра, а почна лани во март. Покрај МВР, во работењето можат да земат учество сите државни институции кои имаат потреба, согласно законските надлежности.

Финансиран е со средства од ЕУ (ИПА) за 2013 година.

ikt5

– Со изградбата на Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата, кој е од исклучителна важност како за МВР, така и за другите државни институции, ќе бидеме подготвени да обезбедиме функционирање на виталните информациски системи во случај на евентуално онеспособување на примарниот информатички систем поради природни или катастрофи, предизвикани од човечки фактор – рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.

До мај треба да заврши инсталирањето на опремата, а во јуни да се стартува со обуките и со почеток на работата.

Целиот проект вреди над 11 милиони евра.

Loading