РЕД МУЗИКА, РЕД БИЛКИ – ТИНКТУРИТЕ КАКО ЗА ЕЛИКСИР

Христијан и Дејан Ачкоски, билкари и музичари

Dejan i Kiko slika 1

 

Браќата Христијан (37) и Дејан Ачкоски(41), се ем музичари, ем билкари. Ја лекуваат душата со милни звуци и тонови, а телото со капки. Извојуваат победи со мошне тешки болести, помагајќи им на болните со тинктурите кои ги прават од лековитите билки. На коленици ги фрлаат настинките, нервозата и анксиозноста исчезнуваат како одвеани од ветар. Дури и најопаката болест ја ничкосуваат. Нивните лекови како со рака го однесуваат и дијабетот тип 2… Имаат лек за сé и сешто. Мото им е: Лекот е пет пари, ама треба да го најдеш.

Ведри се, мошне позитивни. Тврдат дека  иако не се фармацевти, ниту имаат завршено медицински науки, познавачи се на корисните тревки до перфекција, нивните својства и употребата. По струка се економисти – маркетинг. Сакаат да ги прават луѓето среќни преку музиката и  фитотерапијата. Тое им е целта, а не печалбата од тревки.

Dejan i Kiko slika 5

– Сé почна преку музиката. Работевме на еден проект и човекот ни откри дека се занимава со билки. Ни кажа некои рецепти. И љубовта која ни била и пред тоа, да му помагаме на луѓето, се разгори. Размислувавме и многу се прашувавме. Работата бара многу посветеност и труд. Треба да имаме корен. Се разбира, не корен од некоја билка, но некој од фамилијата кој се занимавал пред нас со оваа работа. Подоцна многу истражувавме и ги собиравме најдобрите литератури за билкарство од целиот свет. Практичното искуство од луѓето кои несебично споделуваа рецепти извадени од пазувите на своите баби и дедовци ни открија многу тајни кои нé доближија многу повеќе до целта. Работата бара голема хуманост, посветеност, и искреност. Долго време само проучувавме, вежбавме на нас и на нашите пријатели. Не се осмелувавме да се втурниме во билкарството. Сакајќи на некој начин да се оддолжиме и да помогниме, го пријавивме нашиот пријател со кој почнавме на една позната ТВ емисија, Билките на Баба Рада. Уредничката ни рече, ако не дојдите и вие, нема ни тој. Чоек со чоека бидува, и секое добро за добро. Од појавувањето на ТВ, сé беше поинаку – вака ја почнуваат приказната браќата Ачкоски.

Прилепчани ги знаат како музичари со корен и билкари. Тие се синовите на Горѓија Ачкоски од ,,Прилепски мерак,,. Баба му Стеванка Гулеска пеела во Радио Прилеп со групата Сестрите Николоски.

Растенијата сами ги собираат, ги сушат и обработуваат. Сé повеќе ги познаваат. Искуството, пракксата поткрепена со теоријата која беше во првата, втората и третата година опфати 17 годишна комплетна работа. Има билки кои се берат во најжешкото кога етеричните масла се најсилни. Знаат да останат во планина и со денови. Шетаат и во Бугарија, Грција, Србија.  Берат билки и во зима, како имелата.

– Секоја билка е приказна. Собираме специфични билки, а не кантур, мајчина душица… Прилеп е богат со билки кои ги има само кај нас, зајачки трн, елефтерокок, астрагалус, ашваганда, златницата, еден тип на планинскии чај  кој го има само кај нас, расте и во Бугарија. Потребен е и одговорен однос кон билките. На пример, змиското грозје го имаше по пазарите, но исчезна. Во коренот има две лукчиња, треба едното да се земе, а другото да се остави за в година. За поголема корист, го береле комплет. Ако ни остане семе, го фрламе во природата, да порасне в година – вели Христијан Ачкоски.

Лековитите билки ги подготвуваат како тинктури кои траат дури и сто години со истиот квалитет. Може да се користат со вода или на шеќер. Составот го пишува на шишенцето. Знаат латински, функционираат он лајн. Не одат на пазар, туку подготвуваат видеа да ги пласираат како готови емисии, гостуваат по телевизии. Цените им се пристапни и не им се сменети 17 години. Располагаат со околу 300 разнични видови тинктури, кои се попрактични отколку подготвувањето на чај. 

Dejan slika 7

– Модерниот тренд на технологијата нé поттикна да ја направиме нашата официјална веб страница Билкарница.Мк. која е прва од овој билков свет во државава. Се едуцираат не само младите, туку и повозрасните. Им велат на внучињата: ,,Бабе, ај отвори ми да видам и слушнам нешто за макава шо си ја имам,,. Пред некоја година еден човек ни пријде. ,,Ве знам вие сте тие и тие. Татко, баба, дедо, прадедо…, а јас сум ваш подалечен роднина. Го правам дрвото на животот, т.е. историјата за нашата фамилија. Дали знаете дека сте имале прабаба која била одлична во лечењето со билките,,. Се погледнавме двајцата и си рековме: ,,Не сме биле дрво без корен,,. На досегашната работа додадовме по некој фамилијарен рецепт. Знаејќи ја народната, ,,Каменот тежи на место,, си го најдовме своето место чувано за нас – вели Дејан Ачкоски.

Насмевката на луѓето што се излечени е најголемата награда и сатисфакција  која ги води и турка напред.

– Бог е љубов, па таа љубов им ја пренесол како енергија во кодот и лековитата сила на билките. Тој и лечи преку билките, а ние сме само една жица во системот на кабли која ја носи таа енергија од билката до човекот – велат браќата Ачкоски.

Планинараат проширување со набавка на апарат за дијагностиката, на неинвазивен начин се скенира со 4Д со биорезонанса, само лекувањето да биде поуспешно.

ИЗЛЕЧИЛЕ КАНЦЕР НА БЕЛИ ДРОБОВИ

– За жал, канцерот е најзастапен, Има успех, има луѓе излечени со билки. Кај еден прилепчанец канцерот со димензии 8,5х4 цм. го нема повеќе на белите дробови. Докторот 40 минути го прегледувал и му рекол: ,,Не знам што сте користеле, но продолжите. Канцерот исчезнал, го нема. И роднините се расплакаа од среќа. Имаме и документ, сертификат за работава. Располагаме со тинктури за зајакнување имунитет, корекција на дијабет, нервозни растројства, анксиозност, младите имаат проблем и со простата дури и на 20 години, а порано тоа било на 50-60 години. Имаме лек за сé, за 60-70 отсто од болестите. Ги прашуваме само што мака имаат  – вели Дејан.

Kiko slika 8Ашвагандата била тајно оружје на Александар Македонски

– Билките од нашето поднебје делуваат најдобро. Ашвагандата ни најмалку не е толку далечна билка за нас, бидејќи нашите предци се лечеле со неа. Од ашвагандата се правело вино кое се користело за терапевтска намена. Александар Македонски и неговата војска го пиеле за зголемување на енергијата и силата. Ова растение лечело многу болести. Го штити имунолошкиот систем. Се бори против дегенеративните заболувања на мозочните станици. Го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Помага во намалувањето на холестеролот. Ја зголемува полната моќ. Го подобрува учењето, памтењето и времето на реакција. Како дополнение во исхраната го контролира стресот, уморот, недостатокот на енергија како и слабата концентрација. Лошиот начин на живеење секојдневно остава трага во здравјето на нашиот организам, затоа, не е лошо да се има ова тајно оружје. Таа е силен антиоксидант, која ги пронајдува и уништува слободните радикали, одговорни за многуте состојби и болести во процесот на стареење.

Астрагалусот дава живот

Му помага на телото да се бори со стресот и болестите. Се употребува кај хемотерапија, радиотерапија како и зрачење. Се нарекува и живот, бидејќи го подобрува и продолжува животот. Превенира настинки, против болки во грлото, го отстранува заморот и недостатокот на апетит по хемотерапија. Помага кај пролив и ноќно потење. Има добри резултати кај астма и артритис. Се препорачува после инфаркт, кај најразлични болести на мозокот. Го нормализира варењето на храната, за гастрит, стомачни чиреви, дуоденални чиреви. Кај болестите на органите за дишење, за лекување на грип, за лекување на неплодност, за бенигни и малигни тумори на женските репродуктивни органи, како канцер на матка, канцер на грло на матка, канцер на јајници и дојка. Се користи орално во форма на капки, а може да се подготви и мелем, со кој се мачкаат градите и грбот при сува кашлица, со што се разредува слузта. Се препорачува за време на епидемија од грип и други настинки.

Loading