ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (27)

marul 1

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

Политика

Годината 1921 била повозбудлива од повеќе политички причини за македонскиот народ. Како што се знае првата после воена држава била СХС, била направена од тогашните три признати народи Србите, Хрватите и Словенците. Со државата раководеле Србинот Никола Пашиќ, Хрватот Трумбич и Словенецот Супела. Македонскиот народ бил наречен Јужни Србијанци, а додека Вардарска Македонија била именувана во Вардарска бановина.

Од ваквата политика на незадоволство кај македонскиот народ се појавила македонска организација лево ориентирана поднаречена Цуцулисти – социјалисти со политика од Советска Русија.

Народот бил уште повознемирен од државното политичко владеење. Властите го земале почесто на подолги воени вежби за да бидат спремни за воена помош против Црвено армијците за поништување на Советската Русија. Југословенските воени касарни биле преполни со платеници од целиот свет, тука тренирале и биле испраќани во борба против новата Советска Република Русија. Главен командант на тие платеници бил Англичанецот Винстон Черчил.

Против светските воени империјалистички сили во нашите краеви имало цуцулистички – социјалистички политички организации кои се бореле за нов светски поредок и поддршка на Советска Русија. Еден таков идеалист од Марул бил Здравески Јошев Никола – 1940. Никола од војната имал еден белгиски коњ тешкаш од андвеперскиот крај. Никола во расто према коњот бил мал, се качувал на коњот со скала. Откако ќе ја турнел скалата и заминувал на политички состаноци во селата Подмол, Лопатица, Бонче, Штавица, Рувци каде имало потреба за такви состаноци.

Никола му објаснувал за идеологијата на Цуцулистите која сите треба да ја прифатат. Некако досега работи кај беговите како волот за сламата. Со новата цуцулистичка идеја сите треба да бидат рамноправно признати како луѓе, а не како богати и сиромаси седнати на разни собири поделени во два табори, богати и сиромаси. Луѓе, чувство и еднаквост во секојдневниот живот. На секој еден работо способен човек ќе му се признава трудот да има старосна надокнада, пензија. Еден месец слободен одмор од работното место. Тие што не се во можност за да бидат осолободени од работното место да одат порано на старосен одмор, пензија. Секој да плаќа порез за овие привилегии. Не како сега некој става капитал со робови, а некој нема леб во ноќвите. Да се поништи класното седење на сите видови собири. Народот седи во две групи , богати и сиромаси. Д асе поништи класното мажење и женење меѓу богати со богати , сиромаси со сиромаси, давал Никола изјави за идејата на Цуцулистите.

Во истата година 1921 –та во државата СХС имаше некое државно гласање за доградување закони. Македонскиот народ, повеќето меѓу нив и марулчани го бојкотираа гласањето поради непризнавање на македонскиот народ од страна на српската хегемонистичка страна. После ова гласање го прицврсти своето влијание со построг закон во Вардарска бановина. Не само што ги поништија македонските написи на гробовите, црквите и училиштата од дотогашниот српски режим, сега се осврна почна да испраќаат режимски луѓе, џандармерија сокриена тајно во доловите, житата и пченките поред патиштата за да наслушуваат на кој јазик патниците, минувачите зборуваат. За таквите мајчински разговори излегувале џандарите од маскираните места и му правеле писмена казна преку суд да платат парична казна или со затворска казна поради употреба на туѓ непознат јазик. Едно такво злосторничко место биле Ушите марулски, заменето местото од турско во српско злосторство. Исто така и овчарите во летно ноќно време биле следени за говорот, кој не го почитувал законот  бил казнуван. Исто важело и за орачите кои ги управувале ѕевгарите во орањето со метална боцка забодена на стап, а не со камшик или бич добивал парична казна.

Убиството на Ѓорче Петров

По убиството на Ѓорче Петров, марулските пазарџии од Прилеп ја донесла веста, аберот да војводата кој се бореше со својата чета во октомври 1903 година со својата чета во местото Маргари над с. Чаниште против турскиот аскер Ѓорче Петров е убиен во Софија од свој Македонец. Марулските верници на денот Петровден во 1921 година биле присутни во марулската црква за негова жалост и жалоста за исгорениот синор три пати жалосно го тропнале клепалото и запалиле свеќи за двете несреќи.

Умирањето на кралот Петар Први Караѓорѓевиќ

Во 1921 година во почетокот на летниот период умре кралот Петар Караѓорѓевиќ. Кралството на православните народи на Србите како признат народ, Македонците, Црногорците и други православни народи признаети како српски народ, а додека Хрватите и Словенците не пподпаѓаат под круната на Кралска Србија си ја задржуваат својата католичка вера и исповед. Државата донела закон за долговременска жалост од една година со забрана за музика, пеење и играње н асите празници, верски денови, свадби, првичиња, крштевки итн.

Секое лице кое ќе биде откриено кај не ја почитува наредбата, законотќе биди изведено пред суд и казнето со парична и затворска казна. Народот како народ тајно си правеле веселби.

Властите соработувале со матичните служби и знаеле кое село има селска, верска слава, крштевка, свадба, женска или машка, џандарите навраќале и вршеле контрола. Кога се мажела Јованоска Ѕвезда од с. Марул за Лукоски Блаже од с. Бонче, бонечките сватови, ораџии и песнаџии не дошле во Марул туку ја правеле во Венците место на синорот Бонечки Марулски, тука ја правеле свадбата, веселбата.

Откако стигнала невестата Ѕвезда со определен број сватови качена на коњ, сватовите едно време тука се веселеле со ора и песни, после невестата Ѕвезда и момчето Блаже ги однесле на венчавање во бонечката црква. Со веселите ора и песни се издувале на брегот кај венците. В село во Бонче биле мирни. Во тој случај навратиле џандарите во Бонче, но без успех да откријат нешто од свадбената веселба преку денот што се правела на Венците. Но имало и такви случаеви каде властите со помош на доушници каде се правеле недозволени веселби. Организаторите биле казнувани со парична и затворска казна.

Народот како народ јавно не се осмелувал, а додека тајно се собирале во друштво, си правеле веселби.          

Продолжува

Loading