НЕ СВЕТИ КРСТОТ НА МАРКУКУЛЕ

Подолго време не свети крстот на Маркукуле. Чуварот на градот и на прилепчани е во темнина. Граѓаните се гневни и бараат итно санирање. Монументалното дело кое со години стои издигнато над градот и се забележува од секој дел никој не прави напор да го отстрани дефектот и да блесно како патоказ во ноќта. Не е јасно познато за што се работи, дали некој намерно го оштетил осветлувањето. Жално е што никој не е надлежен со денови и не презема ништо да го врати сјајот на светиот крст со кој се гордеат прилепчани.

Loading