ЖЕНАТА – СТОЛБ ВО СЕМЕЈСТВОТО, ОПШТЕСТВОТО И ИНДУСТРИЈАТА

ca1

Компанијата Комфи Ангел организира панел дискусија за улогата на жената во општествено – економскиот живот, улогата во семејството и сите предизвици со кои се соочува жената во современото живеење.

Писателката од Србија, Јелена Бачиќ Алимпиќ го пренесе личното искуство за позицијата и улогата на жената. Во дискусијата учествуваат жени на високи раководни функции, директорки и сопственици на бизниси, кои со работата се докажале како успешни стопанственици.

Искуства од рефлектирањето на работата врз семејството, потребните одрекувања, предизвиците со кои се соочувале ги споделија Савка Димитрова, долгогодишен директор на компанијата Европа од Скопје, Јасна Аџиевска Петрушева, извршен директор на Мермерениот комбинат, Мери Ангелеска, директор на компанијата Инџекш Молдинг, германска инвестиција во Алинци, Роми Иваноска, менаџер и сопственик на Изофас и домаќинот на вечерта Ирена Јакимоска, директор и косопственик на Комфи Ангел.

Водител беше новинарот Мишко Иванов.

Loading