СПЕЛЕОЛОЗИТЕ ВО ИНСЦЕНИРАНА СПАСУВАЧКА МИСИЈА

6

Спелеолозите од клубот Златоврв се носат со идеја за формирање на спасителна служба. Бараат поддршка од локалните власти.

Членовите на клубот демонстрираа спасување на повредени на високи места, изведувајќи вежба за спасување на деца од пожар од седми кат од 13 катницата. Четири тима со 16 подготвени спелеолози се спуштија од покривот на зградата до седмиот кат, каде што според замислено сценарио, две деца беа ,,заробени,, во стан зафатен од пожар. Тие ги извлекоа децата преку надворешните прозорци од објектот. Со специјална опрема, по ѕидовите на зградата, ги сметнаа децата неповредени долу. Вежбата беше евакуација на лица од зграда зафатена од пожар.

77266273 2569755673093432 6873027368248672256 o

Спелеолозите акцентираат дека градов има потенцијал за развивање на планинарењето, спелеологијата и планинските спортови. Тоа ја наметнува потребата од стручен тим за спасување.

 

speleolozi 2

Loading