СИМПАТИЧНИ „ТЕТОВИРАНИ ДУШИ“

Шаренолики цртежи на човечко тело

Декорација со имиња на девојки, рози, ластовици, делфини, пеперутки…

Тетоважите не се перверзија, својствена за морнари, војници, криминалци, бивши затвореници, камионџии…

Prilepcani preferiraat dekor na teloto so tatu

Млади од 16 до 45 години се тетовираат на делови од телото да испратат порака до околината или да се истакнат во друштвото. И сега и порано, со тетовирањето се разубавувало, се украсувало телото, но и се комуницирало или се изразувало припадност.

Зборот тетоважа е изведен од “та-тау”. На полинезиски значи “белег на кожата”.

За тетовирањето велат дека е врв на уметноста и мерна единица на слобода или смелост. За некои е наивно сликарство или пак некои викаат боди арт.

– Тетовирањето е естетско разубавување и “облекување” на телото – вели Андреј, кој има 24  години.

Повеќе од 10 илјади цртежи, главно од источните земји и Полинезија безбедно, професионално се цртаат на дел од телото. Мотиви се цвеќиња, животни, верски слики, индиски, јапонски, кинески мотиви, знакови, букви, ладно оружје, мртви глави, апстракции, срциња… И што ли уште не.

За спомен од ЈНА се тетовираше датумот и местото каде се служело војска. За служење во Сплит, се “декорираше” котва или сирена. Тетоважите некои ги сметаат за перверзии, својствени за морнарите, војниците, криминалците, “жешките” момчиња, бивши затвореници, камионџии и други професии, поврзани со опасност и сила. Се тетовираат славни личности, Бритни Спирс, Џенифер Анистон, Николас Кејџ, Дејвид Бекам…

Младите во тек со модата

“Што време иде, тоа се јаде”. Што носи времето – тинејџерите прифаќаат. Тетоважите од мода се сé помасовни. Дел од телото се декорира со трајболи, слики во боја, имиња на девојки, рози, ластовички, делфини, пеперутки. Момчињата преферираат да им биде “насликан” грбот, десното рамо и раката. Со поситни шари, девојките го разубавуваат рачниот зглоб, глуждот, половината дури и задникот.

– Тетовирањето е трајно внесување на оргинална, природна боја со лесен убод на стерилна игла. Се пресликува и со електричен апарат се црта во разни бои. Пет-шест дена местото треба да се негува со маст – објаснува тату мајстор.

Тој е еден од неколкуте кои тетовираат по каталог и по желба. Направил околу илјада тетоважи за неколку години. “Уметноста на телото” чини од 50 евра, нагоре, во зависност од големината и мотивот на тетоважата.

Има трајна и козметичка (привремена) тетоважа која може да се отстрани по три години.

– Се тетовирав од мерак со “шминка” која се бриши, во козметичко студио. Оти можб нема да ми е интересна тетоважата по неколку години – вели 26 годишен прилепчанец, кој на левата рака истетовирал девојка во пламен.

Нема последици по здравјето од стручна и трајна тетоважа. Може да се добие само локална алергија или инфекција. Трајната тетоважа тешко се отстранува. Можно е ласерски и со пластична хирургија, со оперативен зафат. Не помагаат масти, пасти, лосиони. Останува трага по отстранувањето.

Потсвеста испишана на кожа

Изборот за мотивот не е случаен. Истетовираните симболи се длабоко скриени мотиви на индивидуата. Песимистите се тетовираат на левата страна, а оние со “сончев” карактер на десната. Тетоважа на раце значи фаза на созревање. Сомничавите и женствените ги украсуваат глуждовите. Плашливите се ,,цртаат,, на скриено место, околу папокот. Тетовирањето на гениталиите за мажите укажува дека се пасивни, збунети, а жените воинствени и самостојни.

Змејот – желба за афирмација

Змејот е најбарана тетоважа. Тој е симбол за афирмација. Паун значи самоувереност, а брод среде гради значи недостаток на љубов. Срца со пламени јазици се сликаат на љубоморни и посесивни. Лик на артист или славна личности кај пасивните. Срце со името на партнерот значи желба за трајна врска. Воинствени јунаци укажуваат на агресивни вредности. Насликани Индијанци значи борба за слобода и права.

Loading