ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ

Фељтон: Томе Велјановски (26)

Томе Велјановски кој живее во Гетеборг во Шведска, собрал записи и сеќавања и за писменоста во неговото родно село Марул. Во желбата да останат сочувани, спомените за периодот кога тој се образувал, ги поткрепува и со фотографии. Неговите белешки ги пренесуваме автентично, односно онака како што тој самиот ги прибележувал, со сите правописни и граматички пропусти.

Претходно, на страниците на неделникот “Зенит” тој пишуваше за лицата кои животот го положиле за татковината, за животот во селата Марул и Клепач.

marul 1

Послабите фамилии земале земја за обработување под наем со мешани ѕевгари на волови, немале средства, пари да имаа комплет ѕевгар волови затоа работеле здружени со еден комплетиран ѕевгар волови. Скоро сите поранешни беговски момци зеле земја за обработување под наем. Колевци, Стојановци почнале да ја обработуваат земјата на своите поранешни бегови Емин и Ремзија. На Мемишица Салиоска за време војната мажот Мемиш, а таа како вдовица се здружила со Лолевци. Нејзиното дете Ќазим станал прв другар на Веле и Ќире, се натпреварувал за јадење свинско месо. На Стојан му велел: Јас сум Ќазим Колески сакам поголемо парче свинско месо.

Долните Колевци браќата Боше и Трајан ги зеле нивјето на нивниот бег Јусуф Зелен паша. Јанковци ги зеле нивјето на нивниот бег Осман Утоски. Стевановци на нивниот бег Амдија Утоски. Јовановци и Велјановци на нивниот бег Тефик. Тефик како турски офицер не се вратил назад како од Првата Балканска војна во 1912 година, туку за оваа работа одлучувала неговата жена која живеела во Битола. Према кажувањето на постарите утоските бегови не биле лоши бегови. Нивните жени на лете иделе на чифлиг во Марул заедно печеле и меселе со христијанките.

Во пролетта во месец март посинокот на Јован Павлески Богоја роден Ѓакоски штавичанец замина на отслужување на воениот рок.

1. Селски кмет бил Гулабоски Новачев Димитрија.

2. Павлески Јован бил клисар во црквата.

3. Колески Грујоски Боше е селски протуѓер.

4. Јанкоски Ѓорче е селски полјак, падар.

5. Поп е поп Петре Перасан прилепчанец.

6. Јованоски Илија е селски говедар.

Овчари

Дамјаноски Дамјан,

Јанкоски Крсте, 

Колески Мојсоски Стојко,

Танески Крсте Горнин,

Петрески Аце Бабјак,

Танески Мице и Ризо долни.

Јованоски Митрев Илија Курелоски е последниот марулчанец кој се вратил од Прилеп во Марул после војната во 1921 година. Илија се договорил со раководството во Марул кој сака да се врати поради животот во Прилеп е тежок без никаква надокнада за живот.

Селото Марул го прифатило неговото барање и во договорот се согласиле Илија да ги паси селските говеда без никаква надокнада во време од две години, за тоа селото на Илија да му одреди место за да направи куќа за живеење.

Селската управа местото го определиле на источната страна од селото на северната страна од местото викано Крушка. Местото името го добила по тоа што на тоа брегче имало само едно стебло круша. Поред куќното место повеќе од десет декари селото Илија го примило со љубов и му изградиле и куќа.

Илија фамилијарно се вратил од Прилеп и се вселил во новиот дом за живеење со тоа е званично делен од Јоновци Куреловци. Јованоски Илија како селски говедар договорот го издржал две години 1921 и 1922 година не платено. Додека две години 1923 и 1924 година Илија бил говедар со платен руга за пасењето селските говеда. Илија како голем мајстор каменорежач во слободното време не седел со скрстени раце него произведувал гробарски плочи, камени копанки, воденички камење, грлушници за бунари. Имал голем мерак дрва да сади, неговото место беше полно со разни овошни сорти. Реката исполнета со насадени јасики. Илија и Илица Петра правеле поплака кај селаните од понижење името говедарот, прекарот  му го преименувале во Илија Крушка. Со тој прекар кај младата генерација беа викани со прекарот Крушковци.

Синот на Илија Јованоски Цветан Крушка во времето на НОБ како македонски воин борец патриот за македонска држава се здобил со воен чин поручник. Извршуваше повеќе државни работи директор во колективот во село Дабјани, директор во колективот во с. Марул, службеник во општината Тополчани и месната канцеларија во с. Канатларци. Во 1947 година изгради најсовремена куќа во Марул. Градена од камен со подрум и таван подѕидан за слободно шетање по таванот и со четири отвори на таванот за циркулирање свеж воздух. Со модерни врати и прозорци.

Сиот материјал за покривот е од јасиките на неговиот татко Илија. Цветан во душата беше македонски патриот. На тогашните власти таков човек не му одговараше, го оцрнија како Чентовист и беше отстранет од сите работни функции и осуден на девет месеци проневера. Таков беше Јованоски Цветан Крушка 1923 – 2001 година, погребан во с. Ерековци.

Делба

Беќир Цацоски бегот во Прилеп на комар изгубил и многу пари. За да ги врати парите односно за да го врати борчот се одлучил да продади дел од чифлигот во Марул и тоа куќното место со се куќата и оградата што се наоѓа во по непосредна близина на куќното место. За тоа нешто разбрала Талејца Јованоска по тајни канали. Толејца потпомогната од полубратот Дамјан и од нејзината мајка Писокалката. Направиле средба со бегот Беќир, се договориле му го платиле куќното место со се кулата и оградата.

Талејца Митра си ја зеле фамилијата и се преселила во беќировата куќа. Додека богатиот Танески Стојче го купил целокупниот недвижен имот, чифлигот од бегот Беќир Цацоски. Покушал да ја наткупи куќата од бегот поради што била комшивски имот од Таневци. На таа негова намера не пристанал нити бегот Беќир, нити пак влезената Талејца во куќата. Стојче го купил само целокупниот недвижен имот од бегот Беќир. Со доаѓањето на Јованоски Илија за говедар во с. Марул и делењето на Талејца Јованоска дошло до распад на заедничката живеачка на тројцата браќа Митре, Ѓорче и Тале Грујоски или Јованоски во 1921 година.

Пожар

Во летото 1921 пред Петровден само што требаше да се почни со жетвата во местото Ветроводеница после пладнина се покажа силен пожар кој подпомогнат од ветро брзо се ширел на сите страни. Пожарот го зафатил местото Голем камен плочка и према Бошкоец. Марулци, рувчани и штавичани отишле да го спречат ширењето нап ожарот, сето ангажирање околу пожарот било без успех.

Пожарот се проширил преку штавички ливади преку Суботица стигнал до Каракамен, прешол во русечкото кај копка, преку Поленик до Метилавка преку штавички Бошкоец па се до штавичката река. Со крајни сили пожарот бил локализиран ама зафатил површина преку 1 000 хектари. Сета сеидба, житарица изгорела што ја зафатил пожарот. Жителите на трите села опакостени од воената беда пак ги зафатило нова есенска беда. Од пожарот многу фамилии биле осиромашени, жито, храна и сено.

Према разговорите со постарите марулци и штавичани имаше разни тумачења за настанатиот пожар. Како прво тумачење беше да имало група воловари имале насобрано куп лепешки суви и ги гаѓале со пиштолите, ги оставиле лепешките и си заминале дома. Лепешките биле зафатени со оган од пукањето на лепешките, тлеењето на лепешките подржани од силниот ветер се разгореле и го предизвикале пожарот. Како трета варијанта било место на држава шетале разни политички организации, групи некој има фрлено неугасена цигара која го предизвикала пожарот. Виновникот за пожарот не е откриен, народот ја претрпел катастрофата во седми месец 1921 година.

Продолжува

Loading