ЈАВЕ ЗА КНИГАТА „ДНОТО СЕ СТЕСНУВА“

Biserkoski

Промоција во Скопје доживеа стихозбирката првенец „Дното се стеснува“ од Кирил Бисероски. Ретставувањето се збогати со поетски перформанс на кој стихови читаа членови на популарната фејсбук-група ,,Размена на книги и книжевни муабети,,. Збирката е дебитантско поетско  остварување на филозофот, нашиот сограѓанин Кирил Бисероски.

Книгата е поделена на пет тематски целини со 88 песни. Иако една од песните е веројатно посветена на Радован Павловски, голем дел од стиховите како да немаат свои претходници или, барем, како тие да не твореле на јазикот на кој се напишани песните.

Бисеркоски го читал Бодлер во 7 или 8 одделение и оттогаш почнал и да твори.

– Поезијата повеќе личи на поток од кој ќе пијат и ќе се мијат секакви намерници од најразлични времиња со најразлични судбини – вели Бисеркоски.

Loading