ВИТАМИНКА ДОНИРА ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО ВО ПРОТИВПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА

vit 1

Витаминка донира теренско моторно возило марка Митсубиши Л200 за Територијално противпожарна единица во Прилеп. Возилото е комплетирано со современа опрема и елементи за справување со огнени стихии.

Донацијата ќе ја зголеми ефикасноста на интервенциите и потенцијалите на противпожарната единица.

– Витаминка, како општествено одговорна компанија донира едно товарно возило за ТППЕ Прилеп, на општ добробит на граѓаните на општината и соседните општини. Запознати сме дека противпожарната единица покрива голема територија, а во исто време техничката опременост и возниот парк не се на завидно ниво. Тоа нé поттикна да ја реализираме оваа донација. Ова е прва донација, а за скоро време претстои уште една од нашата компанија. Во соработка со уште три партнери, ќе донираме т.н. навално противпожарно возило – изјави Орде Ѓорѓиоски, директор на Секторот за правни и општи работи во Витаминка.

Донацијата ќе помогне во техничката опременост на противпожарната единица и подобрувањата на ефикасноста и оперативноста во функција на општата безбедност на граѓаните.

vit 2

– Поради големата емисија на штетни гасови во атмосферата на глобално ниво, претстои период на раст на просечната температура. Во иднина ќе се зголемуваат и потребите за заштита на природата и ќе има се поизразена потреба за вложувања во вакви средства. Доколку го сфатиме тоа доволно сериозно и ако се подготвуваме навреме, ќе ги намалиме последиците од емисиите на јаглерод диоксид и од зголемувањето на просечната температура на воздухот. Според некои проценки, следните 30 години се очекува просечната температура да се зголеми за 4 степени, што е неприфатливо. Затоа вложувањата се неопходни. Потребно е интензивирање и преземање на многу други дополнителни мерки за навремена реакција за намалување на штетните ефекти – изјави Симон Наумоски, Претседателот на Одбор на директори на Витаминка.

Од противпожарната единица велат дека донацијата е повеќе од добредојдена.

Витаминка има воспоставено долгогодишна соработка со прилепската противпожарна единица, која што се развива во континуитет и се базира на помагање и поддршка од компанијата во обезбедување неопходни материјали и опрема за потребите на единицата. Со донацијата, Витаминка уште еднаш ги потврди заложбите за градење функционална релација со заедницата и својот општествено одговорен однос.

vit 3

Loading