СИТЕ ПЕТМИНА СО МЕДАЛИ

Бразилска џиуџица

Brazilska ziuzica

Бразилската џиуџица е една од поновите боречки дисциплини што се негува во градов и затоа секој успех е мошне вреден, мотивирачки. На Државното првенство во Куманово, клубот RUTS BXX Прилеп настапи со петмина свои членови, кои се покажаа дека се внимателно одбрани, затоа што сите освоија медали. Со ,,злато,, се закитија: Далибор Кафеџиоски (до 70 кг.), Леонардо Насески (до 61,5) и Горан Бабаноски (до 85). Довербата ја оправдаа и Наумче Трајкоски (до 85) со освоено ,,сребро,, и Виктор Нестороски (до 85) со ,,бронза,,.

Тренерот Пеце Ангелески може да биде задоволен.

Loading